Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Затвореник: Осудениците даваат мито за да бидат амнестирани

0
By Менче Атанасова Точи on January 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Затворениците се поделија, некои штрајкуваат со глад, други не. Незадоволни од начинот на амнестирање затворениците најавија штрајк со глад, но денеска некои од нив рекоа дека штрајкуваат, други дека се под притисок, дека не знаат што се случува внатре. За разлика од нив директорот на затворот Идризово Живко Пејовски тврди дека штрајк во затворот нема.

Еден од затворениците во телефонски разговор со НОВА изјави дека не зане штос е случува по најават за штрјак со глад, дека политиката замешала прсти, дека има некаква пропагнада, по што се откажале од намерата за штрајкуваат.

Штрајкот со глад кој подоцна требаше да добие порадикални димензии, како што најавија затворениците, очигледно е задушен на самиот старт. Во телефонскиот разговор затвореникот изјави дека околу 80 проценти од осудениците, не се задоволни од висината на казните, односно од пресудите, како и амнестирањето кое беше направено од страна на претседателот Иванов.

„Тој што не заслужил, се амнестира, а тие што треба, не се амнестирани. Ако може Хашки случаи да се амнестираат, зошто да не можат нашите дела. Бараме да се истакне списокот на затвореници кои се амнестирани од претседателот Иванов. Не е тајна дека затворениците даваат мито од 2000 до 5000 евра за да бидат амнестирани“, изјави еден од затворениците во телефонскиот разговор.

Тој потврди дека условите во затворот се катастрофални, дека „цветаат“ мито и корупција и дека во спрега со затворските служби се даваат пари за купување на мобилни телефони и дрога.

„ Во одредени крила воопшто не се претресуваат затворениците, а во помирните делови се претресува од страна на затворската полиција“, рече затвореникот.

Директорот на затворот Идризово Живко Пејковски за НОВА изјави дека нема штрајк со глад, ниту пак имало најава за штрајк.

„Точно е дека имаше поголемо полициско обезбедување поради најавите на социјалните мрежи и интернет порталите. Но, во затворот е мирно, нема штрајк“, изјави Пејковски за НОВА.

Пејковски тврди дека немало притисоци врз затворениците, бидејќи кога би имало такво нешто тие стануваат уште пореволтирани и во такви ситуации може да се случи бунт.

Камерата на НОВА на самиот влез во затворот Идризово забележа засилено полициско обезбедување, невообичаено за обичните денови. Роднините на затворениците велат дека тие внатре се спречени да штрајкуваат и дека се држат под клуч. Незадоволни се од начинот на амнестирање и бараат итно донесување на предлог Законот за амнестија, кој не е променет цели 15 години.

„И да се случува нешто внатре, тие не смеат да кажат. Јас сум овде заради мојот брат кој е осуден неправедно на 12 години затворска казна, а другите двајца браќа кои беа со него добија по шест месеци. Осуден е за киднапирање, а човекот ни дојде сам дома, за неподмирени долгови се работи. На брат ми внатре му е многу тешко, условите се лоши. Не го пуштаат да излезе, не сум бил да го посетам. Тој вели дека ги држат под клуч, политичарите замешале прсти“, изјави Џемал Билали, брат на еден од осудениците.

И неговиот втор брат Јашар Мифтари додава дека внатре во куќата каде што биле уапсдени, биле сите тројца браќа, двајцата добиле по шест месеци затворска казна,а тој е осуден на 12 години.

Повеќето до роднините кои беа собрани пред затворот Идризово, рекоа дека нивните блиски одлежуваат високи казни за превезување на мигранти.

„Мојот брат е осуден на пет години, нема кој да му го издржува семејството. Сега се смени законот, а државата им зема по 1500 денари за превоз. Револтирана сум од начинот на амнестија на претседателот, овие луѓе што немаат направено голем криминал, биле принудени да превезуваат мигранти за да опстанат“, изјави за НОВА, Валдет Рамадани.

Од друга страна, Мери Николова од граѓанската иницијатива која собираше потписи за предлог Законот да се најде во Собранието, вели дека штрајкот е задушен на самиот негов почеток.

„Најверојанто бунтот е задушен на самиот почеток, имало одредена група која сакала да започне штрајк, но знаете оваа власт не дозволува такво нешто. Тие ќе бидат повторно казнети и фрлени повторно во ќелија во некој друг град. По цели 15 години на овие луѓе им следува амнестија и државата мора да превземе нешто“изјави Николова.

Помилувањето на 174 затвореници од страна на преетседателот Иванов предизвика голем револт кај останатите затвореници. Тие бараат да се објават имињата на амнестираните, а предлог Законот итно да се стави во собраниска процедура

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.