Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши долгиот пат на Нелсон Мандела

0
By Нова ТВ on December 15, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Таткото на Јужна Африка, светскиот херој, и легендарен борец против апартхејдот, Нелсон Мандела, кој почина на 5 декември на 96-годишна возраст, е погребан денеска во своето родно село Куну.

По официјалната церемонија, ковчегот со посмртните останки на Мандела го презеде неговото семејство поради погреб по традицијата на племето Коса, во гробницата на семејниот имот во тоа село, во кое Мандела го помина детството и деновите по напуштањето на политиката.

Пред погребот, од Мандела на официјална церемонија се простија членови на семејството, негови поранешни соборци и сонародници.

– Ова е крај на 95 славни години на борецот за слобода, посветен и покорен слуга на народот на Јужна Африка – рече јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума на официјалната церемонија на простување од Мандела.

– Иако долгиот пат кон слобода е завршен во физичка смисла, нашиот сопствен пат продолжува. Мораме да продолжиме да градиме тип на општество на чие градење ти неуморно работеше. Мораме да го преземеме твоето наследство – рече Зума.

Церемонијата почна со песни на племето Коса, на кое припаѓа кланот на Мандела, Тембу.

Во чест на добитникот на Нобеловата награда за мир во 1993 година, кој 27 години помина по затвори за време на апартхејдот, е истрелан 21 почесен плотун, а неговиот ковчег прекриен со знамето на Јужна Африка беше опкружен со 95 поставени свеќи, за секоја од неговите проживеани години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.