Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши евалуацијата на повеќе од 110-те повредени во клубот „Пулс“ кои се лекуваа во болниците во странство

0
By Marija Todorovska on May 25, 2025 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тимот од лекари специјалисти од клиниките во Скопје, што во изминатите неколку денови престојуваше во Општата болница со проширена дејност во Кочани, ја заврши евалуaцијата на состојбата на повредените од пожарот во клубот „Пулс“.

Прегледани се повеќе од 110 пациенти кои претходно се лекуваа во болниците во странство, а сега имаат секојдневна физикална терапија и преврски на повредите во Болницата.

Според директорката на Општата болница Кристина Серафимова, дополнително на прегледот за евалуација се јавиле и повредените кои беа хоспитализирани на клиниките во државата. Во наредните денови специјалистичкиот тим треба да изготви извештај по што ќе се знае во каква состојба се сите пациенти по два месеца од трагичниот настан.

Здравствените работници заедно со волонтерите од „Support Kocani“ се ангажирани на обезбедување соодветна финансиска и медицинска помош за повредените.

 Констатиравме дека некои од повредените што се вратија од лекување имаат отворени рани, а дел се со покомплицирани повреди, поради што неопходна ќе биде доополнителна пластична операција. Нашата болница не располага ниту толку со кадар, ниту со некоја специјална опрема, па нашиот најголем страв е да не се случи некаков проблем со инфекции, да не се искомплицира состојбата со некоја бактерија и да не дојде до сепса. Веќе имаше неколку случаи при преврските на повредите, да се откине дел од кожата, за што потврда добивме од некои од повредените, истакна Иван Ивановски од „Support Kocani“.

Во Општата болница во Кочани во моментот физикална терапија добиваат 40 повредени заради намалување на проблемите со движењето на зглобовите на екстремитетите, а уште 70 пациенти имаат преврски на изгорениците. Лекувањето на голем број од пациентите ќе трае неколку години и тие не смеат да ги изложуваат повредите на сонце и надворешни влијанија.

Најголем проблем во Општата болница и понатаму останува недостигот од здравствен персонал, главно медицински сестри. На тимот здравствени работници од Кочани им помагаат и лекари, физиотерапевти, инструментарки од болницата од Штип,.

општа болница кочани повредени пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.