Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши комисиската расправа за уставните измени – се чека гласањето

1
By Соња Петрушевска on October 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заврши дебатата за уставните измени во Комисијата за уставни прашања.

Во реплика до пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Димитар Стевананџија, премиерот Зоран Заев кажа дека ,,си играме играчки ако мислиме дека ќе има подобар договор“.

-Со каква леснотија се откажуваме од европска перспектива на земјата за да не додадеме географска одрдедница на името – со оваа одредница имеод говорницата се обрати то Македонија останува и ова се прави само затоа што има делови на Македонија и во Грција и Бугарија, рече Заев.

Заев истакна дека има околу 25 пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои се свесни и сакаат да понесат одговорност.

Димитар Стевананџија од ВМРО ДПМНЕ рече дека ниту еден пратеник од неговата партија нема да гласа за уставни измени.

-Ве демантирам – ниту еден пратеник од ВМРО ДПМНЕ нема да гласа, рече тој, додавајќи дека подобро да има избори и да се изгубат неколку месеци отколку да се изгуби како што рече ,,уставното, библиско име на државата“.

Во претходната расправа денеска  Самка Ибраимовски од ПЦЕР кажа дека ќе гласа за промена на Уставот, не затоа што сака, туку затоа што тоа сака ромскиот народ да живее поубаво.

До пратениците на ВМРО ДПМНЕ упати порака да не ставаат пречки на патот кон ЕУ и НАТО.

-За првпат не канат во европскиот дом, и не треба да ја пропуштиме оваа шанса. На големите патриоти им порачувам какви се тие патриоти кога за Македонија „душа даваат“, а рака во буџет ставаат“, рече Ибраимовски.

За референдумот рече дека бил натпревар во кој едната страна одлучила да не учествува.

-Тие што не учествуваат го губат натпреварот 3:0, а тие не излегоа затоа што се плашеа дека ќе го изгубат 10:0, рече тој.

Oва е најсрамен чин да се бара промена на уставното име, кажа Tрајче Димков од ВМРО ДПМНЕ.
-Со спогодбата прифаќаме ново име, но тоа нема да се случи, ние треба да станеме северномакедонци, регистарските таблички ќе се менуваат и сите ќе не именуваат како Северна Македонија, кажа Димков и напомена дека граѓаните ќе имаат големи трошоци поради промена на документите.
Тој повика на дијалог за да се најде решение наместо како што рече, „со сила да се оди со промена на Уставот“.

Премиерот Зоран Заев ја повика опозицијата уште еднаш да размисли пред гласањето на собраниската седница која е закажана за понеделник.

-Јасна е позицијата на опозицијата, вие сте против, но кажете како понатаму, кажа Заев. „Јасно е дека без опозицијата не можеме да го смениме Уставот, но има ли нешто што може да не сплоти, дали сите сме на ниво на историската одговорност“, додаде тој.

Заев напомена исто така дека е јасно дека не се исполнети двата кумулативни услови на референдумот и затоа референдумот беше консултативен, а одговорноста е кај институциите.

-На сите им е јасен правниот аспект, но кажете што правиме со државата, рече Заев.

Последен од говорницата се обрати министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Во моментот членовите на Комисијата ги пишуваат заклучоците од расправата, кои потоа ќе се гласаат во Комисијата и ќе му бидат поднесени на Собранието.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.