Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши обдукцијата на убиените, се трага по убиецот од Кавадарци

0
By Нова ТВ on November 10, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Саше Димовски

Мотивот за убиството треба да се бара во Одлуката на Центарот за социјални работи од Кавадарци, кој по барање на сопругата на убиецот донел одлука да бара од судот забрана за вознемирување и закани, што биле зачестени во периодот на бракоразводната парница.

Институтот за судска медицина, попладнево, околу 15 часот ја заврши обдукцијата на трите тела, на семејството Леови убиени во неделата во нивната семејна куќа во Кавадарци од страна на нивниот поранешниот зет. Тие, се очекува во текот на утрешниот ден да бидат погребани на гробиштата во Кавадарци.

Илија и Биљана Леови и нивната ќерка Снежана, беа убиени во неделата попладне, според сите сегашни сомневања, од Тони Станоев кој до пред извесно време бил во брак со нивната ќерка Данче.

Полицијата и натаму трага по Станоев. СВР Велес под чија надлежност е и Кавадарци, потврди дека има осомничен и по него интензивно се трага. Засега, се знае дека убиството било извршено со пиштол, калибар 9 милиметри, во периодот помеѓу 14 и 16 часот, по што убиецот се дал во бегство.

Претходно, според сведочењето на кавадарчани, пиел во локалнен кафе бар и си заминал, без да каже каде, а околу 16 часот, најверојатно по убиството бил виден во близина на градскиот пазар.

-Тони и Данче се разведоа пред неколку месеци, а не во петокот. Тие имаа многу проблеми од него и затоа, неговата сопруга побара развод и се пресели кај родителите кои живеат до градскиот пазар. Убиените Леови имаат три ќерки, убиената Снежана, која пред неколку месеци се вери во Градско и требаше да прават свадба и уште една помала ќерка која работи на брод – открива за нова познаник на семејството Леови.

По убиството, околу 16.10 случајот бил пријавен во полиција. Блиски на убиените коментираат дека децата во текот на викендот биле кај таткото па родителите на Данче очекувале да ги врати во неделата попладне. Не е познато зошто дошол сам и пукал во нив.
Сега децата биле сместени кај неговиот брат.

Илија и Биљана Леови биле починати на лице место, а нивната ќерка Снежана починала во болницата во Кавадарци, потврдија болнички извори.

-Направивме се што беше во наша моќ, но не успеавме да ја реанимираме сестрата која почина поради обилно внатрешно крварење- изјави Драги Јованов, доктор во кавадаречката болница кој ги прифатил жртвите.

Мотивите за убиството се бараат во нарушените односи на Стоев, со сега веќе неговите поранешни баба и дедо, татко и мајка на неговата сопруга.
Разводот, бил завршен пред неколку месеци, а со Данче, имал две деца на возраст од 2 и 7 години.

Данче и нејзината мајка Биљана работеле како дактилографки во Основниот суд во Кавадарци.

-Ги познавав и Биљана и Данче. Пред убиството, само неколку часа пред трагичниот настан се сретнав со Билјана во близина на пазарот. Баш ми искоментира колку пораснало моето дете- вели за НОВА жителка на Кавадарци, која ги познавала мјката и ќерката професионално, преку работата.

-Беа прекрасни и вредни работнички. Се погоди да бидам на судење денеска кај судијката кај која Билјана беше дактилографка. Да беше сега Билјана тука се ќе ми беше подготвено за судењето, рече судијката-открива извор за НОВА.

Сега осомничениот за убиството упатувал закани и кон судии, па во судот било засилено обезбедувањето, а на судиите им било сугерирано да не излегуваат надвор додека не биде уапсен.

Кавадарчани не го познаваат многу убиецот. Наведуваат дека станува збор за човек на 40-тина години, проќелав, со не многу висок раст. Според нивните кажувања, слушале дека бил многу агресивен, а и не бил во добри односи и со неговото семејство.

Вработените во судот во Кавадарци, и голем број граѓани им оддаваа почит во нивниот дом.
Блиските на убиените реагираат дека семејството подолг период било изложено на семејно насилство од страна на довчерашниот зет, тој бил и пријавуван за семејно насилство, но институциите не ги заштитиле доволно, па дошло до трагичниот инцидент.

-Лицето кое е осомничено било пријавувано и претходно за семејно насилство, за што против него била поднесена кривична пријава- потврди Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Оружјето со кое е убиено кавадаречкото семејство, зетот го поседувал со дозвола. Порано, за време на конфликтот во 2001 година бил дел од македонските бранители, а сега работел во ХЕЦ Кавадарци.

Главната тема за која зборуваа кавадарчани денеска беше трикратното убиство. Согласни се дека до ова немало да дојде доколку полицијата и Центарот за социјални работи навреме реагирале и го санкционирале неговото однесување.

-Како можеле да му дозволат да го носи оружјето ако бил осудуван-прашуваа кавадарчани.
За убиените велат дека биле добри луѓе, а убиецот не го познавале многу.

НОВА побара одговори за случајот од од Директорката на центарот за социјална работа во Кавадарци. Не интересираше што презел Центарот, кога било пријавено насилството и што ќе се случува со децата сега?

-Принципот на информирање кај нас е централизиран. Утрово подготвивме извештај за случајот и го доставивме до министерството. Не можеме да разговараме со новинари- одговори директорката на кавадаречкиот центар

Во разговор со портпаролот на Министреството з труд и социјална политика Мартин Гијовски, ни беше побарано да испратиме писмени прашања бидејќи „принцип на министерството е да одговара само на писмени прашања“ – одговори Гијовски.

Во писмениот одговор, Министерството за труд соопшти дека Центарот за социјални работи од Кавадарци имал сознанија за овој случај и навремено постапувал и ги превзел сите мерки. –

-Лицето Данче Станоева во месец август пријавила во Центарот за социјални работи семејно насилство од сопругот врз неа, но странката не дала писмена согласност за поведување на судска постапка односно доставување на предлог мерки за заштита до судот. Според тоа Центарот, согласно Закон, без писмена согласност на жртвата не може да покрене судска постапка за заштита од семејно насилство.

Но во меѓувреме стручните служби работеле на психосоцијална подршка со жртвата, и во делот на бракоразводната постапка. Исто така со Станоева редовно го посетуваше советувалиштето на определените термини и беше применувана индивидуална работа со неа- соопштува Министерството за труд.

Според соопштението, на почетокот на овој месец, Данче дала писмена согласност за превземање на предлог мерки за заштита од страна на Центарот како забрана од закани, вознемирување и малтретирање.

-Постапувајќи по нејзината согласност, Центарот донесе заклучок да му предложи на судот изрекување на привремени мерки за заштита. По ова, стручен тим од Центарот за социјални работи прави увид во семејството-наведува министерството во одговорот до НОВА.

Доколку биде уапсен, Стоев со кривична пријава треба да биде предаден на надлежното обвинителство во Велес и да биде изведен пред судија на претходна постапка во велешкиот суд.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.