Заврши потрагата по телата на африканските емигранти кои се удавија кај Лампедус. Како што објави италијанската приморска стража од морето се извадени вкупно 309 тела, а несреќата ја преживеале 155 луѓе.
Бродот доаѓал од Либија, а водата во него почнала да навлегува кога престанал да работи моторот.
Во моментот кога запалиле оган за да привлечат внимание за помош, пожарот се проширил и сите патници се префрлите на една страна, по што бродот потонал.
Секоја година илјадници емигранти од африканските земји се обидуваат да побегнат во подобар живот, но нивното патување најчесто завршува трагично.