Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2022 година

0
By НОВА ТВ on November 15, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заврши првиот ден од расправата за Предлог-буџетот за 2022 година на собраниската Комисија за финансирање и буџет. За пратениците од владејачките партии тој обезбедува редовна исплата на плати и пензии, го следи правилото на јавните финансии и значително ги крати непродуктивните трошења. За опозицијата, ова е историски највисок буџет, нереален и неразвоен, проектиран на целосно погрешни основи.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, во своето експозе истакна дека буџетот има четири основни цели: продолжување на грижата за заштита на здравјето на населението, економско заздравување и забрзување на растот, зголемување на инвестициите, како и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка на реформите во правосудството и евроаталнските интеграции.

-Државата ќе позајмува само за капитални инвестиции, кои ќе донесат поквалитетен живот за граѓаните, рече Бесими.

Пратениците од опозицијата сметаат дека со буџетот не се предвидени средства за справување со последиците од енергетската криза.

– Ова е буџет со висок буџетски дефицит од 4,3 проценти, кој ќе донесе и рекорден јавен долг 65,9 проценти од БДП со што во прашање се доведува фискалната одржливост, односно дали државата ќе може да си ги плаќа сопствените обврски, потенцира пратеникот Љупчо Пренџов.

Пратениците од СДСМ реплицираа дека буџетот е креиран врз основа на очекуваните економски придвижувања и има развојна компонента.

Пратеникот од редовите на социјалдемократите Диме Велковски рече дека, има средства и за решавање на енергетската криза.

– За ова политичките партии најмалку треба да зборуваат зашто од осамостојувањето на државата до денес немаат ништо направено, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, потенцира Велковски.

Тој истакна дека во 1988 година е изграден последниот енергетски објект – РЕК Битола.

– Се увезуваше струја и пред седум и пред осум и пред десет години и затоа, некоректни се обвинувањата од опозициските колеги. Да се обвинуваме во овој дел е некоректно. Сите знаеме каква технологија имаме, тоа е критика за сите нас, напомена Велковски.

И другите негови сопартијци говореа дека ова што се случува во енергетиката, не е последица само од владеењето на СДСМ, туку и од претходните власти.

Комисијата за финансирање и буџет утре до 12 часот ќе ја продолжи расправата за Предлог-буџетот за 2022 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.