Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Завршна конференција во Скопје по повод целосната воена интеграција на Северна Македонија во НАТО

0
By НОВА ТВ on November 12, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На завршна конференција во понеделник и вторник во Скопје ќе биде официјализирано заокружувањето на процесот на воена интеграција на Северна Македонија во НАТО. На конференцијата ќе учествуваат командантот на Сојузната команда на НАТО за трансформација во Норфолк, генерал Филип Лавин, началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајорот Васко Ѓурчиновски, претставници на НАТО командите и штабовите и претставници на ГШ и на Министерството за одбрана. Во вторник, пак, на свечена церемонија во Вила Водно ќе биде потпишана Заедничката декларација со што земјата и формално ќе стане целосно воено интероперабилна членка на Алијансата. Потпис на документот од страна на НАТО ќе стави генерал Лавин , а во име на земјава началникот на ГШ на Армијата генерал-мајор Ѓурчиновски.

На средба со новинарите министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска истакна дека станува збор за заокружување на еден тежок процес на интеграција на земјата кој успешно го завшуваме за 2,5 години согласно предвидената динамика и покрај политичките предизвици со неколку избори и здравствената криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19.

-Работата се одвиваше во повеќе области со 193 задачи и подзадачи од кои ниту една не беше лесна. На законодавно ниво осум закони поминаа во Собранието, најголем дел од нив се веќе стапени во сила, еден меорандум за разбирање, дополнително уште два закона кои не беа неопходни за воената интеграција се во тек. Целиот тој законодавен пакет релативно брзо успеавме да го завршиме, но моравме да покажеме дека и во делот на модернизација, внатрешни реформи, како и буџетско обезбедување, сме партнер, сојузник на кој можат да се потпрат. И во делот на финансирањето и во делот на модернизацијата покажавме дека тоа што беше најавено се реализира, рече Шекеринска.

Во делот на буџетот за одбраната работите се одвиваат со зацртаната динамика на негово зголемување од 0,2 проценти годишно. Оваа година тој изнесува 1,57, следната година треба да биде 1,77 од БДП, со цел до 2024 да достигне 2 отсто од БДП што е НАТО стандард. Од овие средства околу 30 проценти се искористени за опремување на Армијата.

По завршување на локалните избори за еден месец во НАТО-командите ќе бидат испратени и првите наши сертифицирани офицери. Станува збор за шестмина офицери кои ќе бидат дел од НАТО-командната структура, позиции кои ни припааѓаат како членка на Алијансата.

-Работата не застанува тука, практично во моментот кога ќе станете членка и кога воено ќе се интегрирате тогаш темпото дури и се зголемува затоа што имаме нови цели. Треба да донесеме долгорочен план за развој на одбранбените способности кој ќе ги земе предвид целите кои НАТО ни ги постави, вели Шекеринска.

Според генерал Нуредин, кој е раководител на процесот на воена интеграција на Северна Македонија во НАТО и го предводи тимот, секоја нова членка на Алијансата има обврска да го заокружи овој процес на воена интеграција дефиниран со НАТО-директивата за прием на нова земја-членка согласно Националниот план за интеграција изработен од наша страна и НАТО – планот за поддршка.

-Главна цел на Република Северна Македонија во овој процес беше интеграција на Армијата во НАТО-командната структура како и во структурата на силите на НАТО со што ќе се обезбеди нејзин целосен придонес во извршувањее на мисиите и задачите на Алијансата како земја членка, рече генерал Нуредин.

Процесот на воена интеграција на Северна Македонија во НАТО започна по потпишувањето на Протоколот за пристапување на нашата земја во Алијансата. Процесот на воена интеграција го следеше, координираше и имплементираше работна група составена од експерти, која работеше во седум области и тоа: администрација, опремување и модернизација, структура на сили, едукација, обука, вежби и евалуација, логистика и медицина, интеграција на системот за воздушно набљудување со системот на НАТО и комуникациско-информациски системи и сајбер одбрана.

Во рамки на овој процес сертифицирани се над 150 офицери и преку 40 наши инструктури кои ќе го следат процесот на оценување на единиците, извршена е набавка на 152 борбени возила (ошкош и страјкери) од кои првите десеттина треба да пристигнат во почетокот на 2022 година, опремен е центар за контрола на воздушниот простор кој ќе биде ставен во функција на крајот од ноември во делот на опремувањето на Армијата. Потпишан е технички договор за „ер полисинг“, односно воздушното покривање со НАТО кој го спроведува Грција со која претходно е потпишан и билатерален договор. Во следните поголеми набавки се и хаубици за артилеријата, а во 2024 и на хеликоптери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.