Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Започнува 15-та Смоквијада, „најслаткиот“ фестивал во Македонија

0
By Ivana on September 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Слаткото од смокви и чаша вода – од памтивека претставувало добредојде во секој гевгелиски дом. Така, било некогаш, така е и денес. Смоквата со години е познат бренд на Гевгелија. Нема гостин кој навратил Гевгелија а да не замине со торба полна смокви, било свежи било преработени како слатко
А, на почетокот на септември, еве веќе 15-та година по ред, низ цела Гевгелија се разгоруваат огновите, се полнат тавите и низ воздухот се шири пријатниот мирис на смоквата. Доживување што можете да го имате само во Гевгелија во деновите додека се слави и почитува еден од најценетите специјалитети на регионот – слаткото од зрели смокви. Така ќе биде и оваа, 2021 година.
Здружението на граѓани „ТеРа“ годинава, од 6-ти до 8-ми септември, ја организира јубилејната, 15-та по ред Смоквијада. Приказната на оваа реномирана манифестација по која Гевгелија надалеку е позната, но и стана препознатлив бренд на градот, бележи повеќе од 200 учесника кои своите марифети во готвењето ги презентираа и промовираа пред гевгеличани.
За „Смоквијада“ информираа медиуми од земјава и од странство, но сепак во сите 15 години беше најважната цел: да се зготви најслаткото слатко од зрели смокви и да се зачува традицијата на предците
Гевгеличани знаат да кажат дека понудата за слатко од смокви во Македонија е голема, но гевгелиското слатко од смокви велат тие е најдоброто.
Тајната била во рецептот кој се чува со генерации, но сепак најважни биле смоквите кои во овој дел од државата имаат поинаков вкус поради самото поднебје и големиот број сончеви денови.
Овогодинешната Смоквијада ќе се одржи на поинаков начин од сите други. 10 екипи, составени од по два учесника во своите дворови ќе го готват слаткото од зрели смокви. Комисија ќе ги посетува екипите и ќе го следи процесот на подготовка на слаткото.
За да се следат сите екипи, варењето ќе се одвива два дена, односно во понеделник и вторник во попладневните часови, а на Денот на независноста на татковината, 8 септември ќе биде прогласено најдоброто слатко на платото пред Народниот театар во Гевгелија.
Гевгелија смојвијада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.