Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Збогум Шоиќ: Почина актерот Милан Лане Гутовиќ

0
By Sashko on August 25, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Белград, на 75 годишна возраст, почина познатиот актер и член на Југословенско драмско позориште, Милан Лане Гутовиќ. Како што пренесуваат српските медиуми, Гутовиќ починал на Военомедицинската академија во Белград, а информацијата за смртта ја потврдил неговиот син. Деновиве бил примен во болница по изненадувачкото влошување на здравствената состојба предизвикано од коронавирус. Погребот на Гутовиќ е закажан за сабота (28 август) во 12 часот, објави РТС.

Гутовиќ е роден на 11 август во 1946 година. Академија за театар, филм, радио и телевизија заврши во Белград во 1967 година. Беше еден од познатите „Бојанови бебиња“, заедно со неговите колеги од класата – Јосиф Татиќ, Светлана Бојковиќ, Иван Бекјарев, Ѓурѓа Цветиќ, Танасие Узуновиќ што беа примени од Бојан Ступица во редовен ангажман во Југословенското драмско позориште чиј член беше до 2002 година.

Во 2006 година станува првенец на Народниот театар во Белград, а кон крајот на 2011 година замина во пензија. Одигра голем број на театарски улоги од кои ќе остане особено запаметен како Камиј во „Болва во уво“ од Жорж Фејдо и како Владимир Недељковиќ во „Отворено море“ од Бранислав Нушиќ. А, повозрасните генерации го паметат неговото авторско кабаре „Обична вечер“ со кое го пропатува целиот свет и која е прва претстава што е играна на српски јазик на Бродвеј.

Филмска кариера започна во 1968 година, кога дебитира во остварувањето „Бегство“ на Радош Новаковиќ. Голема популарност на просторите на поранешна Југославија му донесе улогата на Среќко Шоиќ во „Тесна кожа“, а истиот лик го играше и во „Бел лаѓа“, која благодарение на неговата актерска креација беше една од најгледаните ТВ серии.

ИН МЕМОРИАМ Милан Лане Гутовиќ регион Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.