НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здравствен дом алармира за нови вработувања-Министерството бара табели

0
By Менче Атанасова Точи on June 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Табелите кои ги бара Министерството за здравство не може бидат изготвени бидејќи се прават кога ќе се обезбедат средства кои Здравствен Дом ги нема, односно се прават кога ФЗОМ ќе го зголеми буџетот 

Директорот на Здравствен дом –Скопје, Злате Мехмедовиќ повеќе пати писмено барал да му се одобрат 100 нови вработувања кои се неопходни за оваа институција да може да функционира на минимум. Барањето го дополнувал со објаснување дека немаат финасиски средства заради што и не може да испрати прецизни табели за новите вработувања,  пратил и Ургенција за итно постапување.

Од документите до кои дојде НОВА, може да се види дека тој испратил  „Дополнување на барање за согласност со пресметка за потребните финансиски средства за реализација на вработувањата. Документот е доставен на 16 април годинава и има архивски број и датум кога е примено од Министерството за здравство и е со табела за потребните средства и неопходните вработувања.

 

 

Кликнете на документите за да се зголемат сликите

На 6 јуни од Здравствен дом до ресорното министерство е испратена Ургенција во која се наведува дека на 8 март е доставено Барање за добивање на согласност за вработувања. На 16 април Барањето е дополнето со пресметка за потребните финансиски средства за реализација на вработувањата кои што Здравствен дом не е во можност да ги обезбеди. На 9 мај доставено е Образложение за потребите од новите вработувања.

Во Ургенцијата двајцата директори на Здравен дом Злате Мехмедовиќ и Бесим  Кока му укажуваат на Министерството дека состојбата со недостиг на персонал е аларманта и замолуваат за побрзо решавање на проблемот со новите вработувања.

Кликнете за да се зголеми документот

Мехмедовиќ ја потврди веродостојноста на документите до кои дојде НОВА и потврди дека досега нема никаков одговор од Министерството за здравство на неговите барања и ургенции за итно постапување.

„За овие вработувањата кои се неопходни потребни се 40 милиони денари годишно кои ние ги немаме. Процедурата е таква што прво согласност дава ресорното министерство, по што траба да бараат средства за зголемување на буџетот од ФЗОМ. Доколку нема финансиски средства во ФЗОМ интервенира Министерството за финансии“, изјави за НОВА Мехмедовиќ.

Директорот Мехмедовиќ нагласи дека бараните табели во ресорното министерство не се доставени бидејќи немаат финансиски средства што значи дека не можат да ги изготват бидејќи ќе бидат во минус салдо,  што е потенцирано и во документите. Откога ФЗОМ ќе го зголеми буџетот може да се изготват овие бараните табели.

Злате Мехмедовиќ, директор на Здравствен дом -Скопје

Од Министертсвото за здравство со краток одговор:

„Во Министерството за здравство на 09.03.2018г. е пристигнато барање за вработување 100 лица од различни профили и табела за потребни финансиски средства за платите на истите. Доставената табела не е во рамки на законските процедури, кои предвидуваат табели за обезбедени финансиски средства, како и изјава на директорот кој ги гарантира овие табели“, се вели во одговорот.

Буџетот на Здравствен дом изнесува 640 милиони денари и дополнителни 70 милиони денари од сопствени приходи. Од таму објаснуваат дека немаат финансиски средства за да ги покријат новите вработувања.

Освен овој краток одговор, од Министерството за здравство не одговорија дали имало испратено други документи во кои е објаснето се, како и Ургенција за итно постапување бидејќи состојбата е алармантна.

Вчера од Министерството за здравство вината ја фрлија на директорот Мехмедовиќ, за кој рекоа дека се уште ја немал испратено целосната документација за завршување на постапката за вработување на 100 лица. Денеска пак, одговорија дека табелата не е во рамки на законските процедури.

„Постапката за добивање на согласност предвидува изготвување на финансиски табели и изјава од директорот за потребни финансиски средства за обезбедување на плати на нови вработувања. Стручните служби го известија директортот за тоа. До овој момент, Министерството за здравство ја нема добиено потребната целосна документација за завршување на постапката за давање на согласнот. Од тие причини до овој момент не е реализирана бараната согласност за вработување на 100 лица, одговорија на 20 јуни од Министерството за здравство.

И додека траат овие препукувања, ситуацијата во Здравствен дом е алармантна. Половина од инсулинските аптеки во текот на летото ќе работат само во одредени денови, а таа во Драчево само во еден ден во неделата. Дијабетичарите по горештините ќе бидат принудени да одат во поликлиниката Јане Сандански во населбата Аеродром за да земаат инсулин. Тоа е проблем за старите и изнемоштени луѓе, а преставува ризик и инсулинот да се расипе. Причина за ова е недостигот на фармацевти и фармацевтски техничари.

Во затворите недостасуваат 3 лекари и 5 медицински сестри за да функционираат минимално, нешто што е предвидено во планот 369 каде што стои дека Здравствен дом-Скопје ја презема одговорноста за затворите.

Во затворот во Шутка има само еден лекар, во Идризово двајца(општ и специјалист) кои работат само во една смена. Состојбата со затворите е алармантна на што укажуваат, особено по зачестениот број на смртни случаи, Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Фото: затвореници

Недостасува кадар во Итната медицинска помош каде што работат со шест екипи за Скопје и околината, Домашна посета наместо со 30 екипи работи исто така работи со шест екипи за целото ова подрачје.

Недостасуваат лекари во комисиите за боледување, во превентивните служби, за вакцинација, нема физиотерапевти, рентген техничари, психолози, дефектолози, хемичари, информатичар и хигиеничари.

Според раководството на Здравствен дом, хигиеничари има помалку отколку што има објекти.

Последната информација, пред објавување на текстот е дека министерот за здравство Венко Филипче му се јавил на Мехмедовиќ за спорните табели, за да се обидат да го решат проблемот. Се ова доаѓа откако НОВА објави за проблемот со инсулинските аптеки и недостигот од кадар во Здравствен дом поради што состојбата е алармантна.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.