Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здравствената состојба на 77 годишниот чешки претседател Милош Земан е стабилна, соопшти претседателскиот кабинет

0
By Mirjana on October 11, 2021 СВЕТ
epa09516394 Czech President Milos Zeman arrives on a stretcher at the Central Military Hospital in Prague, Czech Republic, 10 October 2021. Czech President Milos Zeman was admitted to the hospital and a media briefing is scheduled, the hospital's spokesperson said. EPA-EFE/MARTIN DIVISEK
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здравствената состојба на 77-годишниот Милош Земан, кој вчера беше хоспитализиран, е стабилна, изјави секретарот за печат на Централната воена болница во Прага, Итка Зинке.

– Состојбата на претседателот на републиката Милош Земан, кој беше хоспитализиран, е стабилизирана,, рече Зинке.

Веднаш по средбата вчера изутрина со премиерот Андреј Бабиш, Земан беше хоспитализиран. Судејќи според снимката од онлајн изданието на Новинк, Земан не бил при свест при пристигнувањето во болницата. Сепак, шефот на претседателскиот кабинет, Вратислав Минарж, подоцна им рече на новинарите дека Земан едноставно спиел.

Подоцна, онлајн изданието MfD, повикувајќи се на свои извори, објави дека лекарите успеале да ја стабилизираат состојбата на Земан и дека неговиот третман, според лекарите, може да трае околу три недели.

Директорот на болницата, Мирослав Заворал, вчера изјави дека хоспитализацијата на Земан е последица на компликации поврзани со позната дијагноза, што ќе им овозможи на лекарите да спроведат одредена терапија. Тој рече дека не може да ја открие дијагнозата без согласност на Земан.

Претходно, Земан беше итно хоспитализиран на 14 септември и остана во болница осум дена, а неговата прес -служба долго време не соопштуваше ништо. Подоцна се појавија информации дека лекарите извршиле темелен медицински преглед на претседателот: компјутерска томографија, ултразвук и крвна слика. Според прес -службата, овој преглед не открил никакви болести или други проблеми што би можеле да го загрозат животот на претседателот. Претходно се дозна дека Земан боледува од невропатија, поради што е во инвалидска количка од пролетта оваа година.

Здравјето на 77-годишниот претседател е во центарот на вниманието на чешката јавност, бидејќи Земан ќе игра клучна улога во процесот на меѓупартиски преговори и формирање нова влада по парламентарните избори одржани викендов.

е стабилен Земан Чешкиот претседател
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.