Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здравство:Јунската плата покуса за 250 денари за електронски картички

1
By Менче Атанасова Точи on July 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработени од здравството биле изненадени кога со последната плата за јуни им биле одбиени по 250 денари за обновување на електронските здравствени картички,  без да бидат известени и прашани за тоа. Парите биле одбиени со траен налог, а вработените претпоставуваат дека директорите потпишале за да може да им е скрати од плата за обновување на картичките.

„Никој не ме прашал ништо, не сум потпишала траен налог. Не знам како смеат да го направат ова“, беше реакцијата на медицинска сестра на една од скопските клиники, чие име не го објавуваме поради можност од реперкусии.

slika 2_n_logo

Вработени за НОВА потврдија дека покрај 250 денари за нивните електронски картички им биле одбиени и по 250 денари за членови од семејството кои се осигурани на нив.

На овој начин всушност започна замената на 46 000 електронски здравствени  картички чиј рок истекува годинава. Од Фондот за здравствено осигурување објаснија дека тоа се првите картички кои ги добија вработените во здравството и институциите професионално врзани со здравството. Одбивањето на средствата се прави по автоматизам или како што ќе одлучи менаџерскиот тим.

„Тоа се првите 46 000 картички чиј рок истекува, а ги добија доктори, медицински сестри и сите кои се професионално поврзани со здравството. Парите се одбиваат од плата , групно на здравствените работници“, потврдија за НОВА во Фондот за здравство.

slika 1_n_logo

Со ова во здравствената каса ќе се слеат нови 220 000 евра од осигурениците. Правните експерти велат дека ваквиот начин на одбивање од плата е незаконски и вработените имаат право да ги тужат институциите бидејќи според Законот за работни односи за задршка од плата е потребна писмена согласнот од работникот. Освен, задршката ако не е по наредба на извршител. Тие велат дека граѓаните со тужби имаат право да бараат поврат на средствата кои им биле одбиени.

„ Задршката е незаконска, треба писмена согласност од работникот за да му се одбијат парите. Ова е регулирано со член 111 од Законот за работни односи“објаснува Бранко Колев адвокат.

Од Фондот посочија дека во 2018 та година ќе им бидат одбиени по 250 денари на сите вработени во јавната администрација, а дури потоа на приватните фирми кои последни ги добија картичките. И на пензионерите ќе им биде наплатено за обновување на картичките по 100 денари, како и на невработените и социјалните случаи кои се здравствено осигурани.

Во Македонија вкупно досега се издадени 1 850 000 електронски здравствени картички. Тоа се нови  осум милиони евра во здравствената каса, откако со првите картички пред пет години беше инкасирана истата сума на пари. Овие средства до 2015 година се слеваа во Министерството за здравство. Од минатата година овие пари одат директно во касата на Фондот за здравствено осигурување.   Картичките практично и не функционираат, односно не ја вршат функцијата за која беа наменети. Речиси во ниедна здравствена установа на пациентите не им ги бараат електронските картички, туку податоците се внесуваат со старите здравствени книшки.

 

 

 

 

 

електронски картичи Фонд за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.