На пациентите кои имаат механичка поддршка, односно пумпи во срцето, во иднина ќе им бидат покриени трошоците за материјалите за редовните неделни преврски за кои пациентите досега одвојуваа огромни средства од својот сопствен буџет и постојано се соочува со проблеми за нивно снабдување од странство. Ова е само првиот пакет бараа, од вкупно три, кој им е одобрен од ФЗО и е доствен до министерот за здравство, на потпис.
„Денеска, 26.8.2020 година добивме официјална информација од директорот на ФЗО, Миле Сугарев дека на седницата на управниот одбор од ФЗО е усвоен и одобрен првиот здравствен пакет (од вкупно три) во делот за покривање на трошоците за материјалите за редовните неделни преврски на пациентите да бидат на терет на ФЗО за кои пациентите досега изделуваа огромни средства од својот сопствен буџет и постојано се соочува со проблеми за нивно снабдување од странство.
Овој документ е доставен до министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче за потпис, по што ќе стапи на сила по потпишувањето и ќе биде објавен во Службен весник. Исто така, од ФЗО добивме информација дека во најкраток временски рок управниот одбор на ФЗО ќе ги усвои и одобри и преостанатите два пакета на нашето Здружение, а се однесуваат на замена на опремата како и на набавките на ИНР ленти и апаратчиња за одредување на коагулацискиот статус на крвта на пациентите“ – велат од Здружението „Храбро срце“.