Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здружението на возачи од Кичево: 11 години бараме правда откако Милошоски нè избрка од работа

0
By Нова ТВ on March 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Веќе 11 години не успеваме да го добиеме назад она што ни беше одземено незаконски. 11 години се обидуваме да докажеме дека таткото на Антонио Милошоски, Милош на мафијашки начин го презеде техничкиот преглед за автомобили во Кичево и не избрка сите вработени. Моќник, како што се нарекува во судските процеси, Милошоски со неговиот татко користејќи ја политичката моќ успеа со низа притисоци да го преземе здружението. Се виде и од аудио снимките дека Антонио ја користел својата позиција да нанесува штета на луѓе за сопствена корист. Влијаел на судии, на сведоци за да го добие тоа што го сака“, изјави денеска на прес-конференција Спасе Србиноски, поранешен вработен во Здружението на возачи Кичево.

Во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ во 2011, Милошоски беше гаси и пали во Кичево. Во здружението за возачи што незаконски го преземаа вработени беа членови на семејствата на Управниот одбор само за да им помине кражбата. Братот на Антонио, Александар пак успеа да извади голем дел од средствата на здружението. Новинарката што пишуваше за нашите маки заврши на суд со него и изгуби затоа што Моќник може се да направи.

Во 2010 година Милошоски го започнува походот за нашето здружение отворајќи нова компанија за технички преглед БРЕКОН, каде татко му е еден од двајцата управители. Откако беше изменет законот за технички преглед, здруженијата за возачи имаа за опција да отворат фирма како дел од здружението или посебно. Е па во Кичево, не се чекаше туку фирмата БРЕКОН го презема здружението на возачи што во принцип е невозможно на легален начин. И не само тоа, Милош Милошоски не можеше да биде управител на здружението со завршено средно образование за машинобравар, за таа позиција потребно е да има правен или економски факултет и лиценца од МВР. И нормално и тоа не се испочитува. Еден по еден не избрка сите од работа по преземањето на Здружението.

Од нас бараа да дадеме отказ и да бидеме вработени во БРЕКОН, ние одбивме. За разлика од нас екс благајникот на Здружението имаше ист случај, се жалеше во Кавадарци каде го доби судскиот спор но никогаш не беше вратен на работа. Нас судот во Кичево ни пресуди дека не сме во право. И тогаш прашавме и еве сега, како може два различни суда за иста работа да пресудат различно. Одговорот после аудио бомбите е јасен – замешал прсти Моќникот од Кичево.

Ние баравме да бидеме вратени на работа и поднесовме кривична пријава до Здружението и Брекон и се разбира ништо не се случи. Да имаш моќ да средиш се во твоја корист на сметка на човечки животи е навистина безобразно.

Да биде целава приказна пострашна, братот на Антонио, Александар станува управител на Сојузот на возачи на Македонија. На вонредна седница на нелегитимни претставници беше избран за управител, а тогаш сите здруженија се побунија. И пак залудно.

Колку имале врски во судовите покажува податокот дека ако со завршна сметка на здружението е утврдено кусок во 2008 година, како може судот да каже таков нешто не постои. Судот да негира официјален документ од државата?!

Во здружението оставивме сметка полна со половина милион евра, а беше задолжено со 300.000 евра. Прашуваме каде отидоа сите пари? Дали некој извршил проверка на работењето? Како успеа Милошоски да уништи се пред себе за да се збогати.

И сега не прашувате зошто сега излегуваме со ова, затоа што сакаме правдата да биде испочитувана. Сеуште имаме неисплатени плати, дупка во стаж, нервози, починати луѓе како последица од стресот. Поминавме голгота по судови. Ниту една судска постапка не заврши во наша полза поради влијанието на неговиот син Антонио Милошоски. Бевме сведоци во јавноста дека тој заедно со неговиот татко правеа притисок врз судии и покажуваа моќ во Кичево долги години. Бараме надлежните институции да го испитаат целиот случај и да покренат нова истрага за Кичевското Здружение. Се обративме и до обвинителката Вилма Русковска и очекуваме предметот да се процесира. Се надеваме дека после 11 години правдата ќе излезе на виделина“, додаде Србиновски во својата изјава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.