Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здруженија на пациенти до МЗ: Враќање на работа на хронично болните под одредени критериуми

0
By Нова ТВ on September 9, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да објават листа на коморбидитети кои се забележани кај починатите од Ковид-19 (тие дијагнози соодветно да се ослободат и понатаму од работа), дел од хронично болните кои се со најголем ризик на смртност од Ковид-19 да останат ослободени од работа (списокот на најризичните хронични болести да биде доставен од соодветните клиники до Комисијата за заразни болести), а враќањето на работа на хронично болните да се одвива според одредени критеритуми, бидејќи сите пациенти со хронични заболувања не се со висок ризик.

Ова се дел од барањата на повеќе здруженија на пациенти во врска со препоракатата на Комисијата за враќање на работа на хронично болните, кои, како што соопштија, денеска ги доставиле до Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести. Здруженијата денеска одржаа он лајн состанок.

– За помалку ризичните случаи на пациенти со хронични болести да се одлучува индивидуално (односно потврдата да ја издаде специјалистот соодветно според болеста, лекувањето, работното место на кое се наоѓаат пациентите). За специјалистите да може да вршат соодветно контролни прегледи за да издадат потврда, да се обезбедат посебно термини на клиниките (пример втора смена на работа и дисперзија преку субспецијалисти и специјалисти во други градови освен Скопје).

При донесување на одлуки за засегнатите пациенти, докторите специјалисти и институциите да ги контактираат соодветните здруженија за да се донесат правилни одлуки, стои во барањата од здруженијата на пациенти „Борка“, „Живот со предизвици“, за помош и поддршка на лицата со мултиплекс склероза, за хронична миелоична леукемија, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, Нефрон, Хепар центар, „Пеперутка“ и Алијанса на пациентски Организации – АПО.

Здруженијата изразуваат надеж дека ќе бидат земени предвид нивните предлози и бараат да се одржи состанок на претставници на здруженијата со Комисија за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.