Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зечевиќ на средба со Дрекслер: Битката за ЕУ е битка за младите македонски генерации, очекуваме Германија да остане наш силен поддржувач

0
By Ана Василевска on August 22, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Зечевиќ-Дрекслер
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер во седиштето на партијата. Се разговараше за актуелната политичка состојба во земјава, процесот на уставни измени во македонското Собрание и поддршката од Германија за членството во ЕУ, информираат од СДСМ.

– Благодарни сме за поддршката на Германскиот Бундестаг и усвоената Резолуција со која се признава и се оддава длабока почит на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Германија не е само наша пријателска земја која силно го поддржува европскиот пат, туку и најголем трговски партнер, со голем број инвестиции кај нас, а заеднички делуваме како партнери во НАТО и ОБСЕ. Очекуваме Германија да остане посветена на процесот на проширување на ЕУ и да остане силен наш поддржувач, истакна Зечевиќ.

Тој коментираше и за започнувањето на процесот за уставни измени во Собранието и рече дека ова е историска шанса за продолжување на европската интеграција којашто , како што кажа, не смее да се пропушти.

– Имаме единствена можност, отворена врата за европскиот пат и оваа шанса ние сметаме дека е исклучително важно сега да ја искористиме.  Во спротивно ќе видиме како земји од регионот напредуваат а ние стоиме во место, со нарушени односи со ЕУ и со загрозени стратешки позиции. Тоа значи загрозување на националниот и државен интерес. И прашањето е колку генерации ќе загубиме за 11 години? Не смееме тоа да и го направиме на сопствената татковина, додаде Зечевиќ.

Исто така нагласи дека изолацијата на земјата може да е посакувана варијанта, подеднакво за луѓе од внатре но и за структури од надвор, кои не им мислат добро на македонската држава и сакаат да останеме надвор од ЕУ, надвор од европските интегративни процеси, додаде тој.

– Наивно е да се мисли дека причината за тоа е единствено зачувување на партиски или личен рејтинг, станува збор за нешто многу подлабоко. СДСМ е подготвена да се спротивстави на сите деструкции и процесот на интеграција во ЕУ да продолжи. Се работи за Македонија, за иднината на македонскиот народ и сите наши граѓани. Оваа битка за младите македонски генерации мора да ја добиеме и ќе ја добиеме, посочи Зечевиќ.

Тој потенцираше дека сочувувањето на националните атрибути на македонскиот народ, македонскиот идентитет, јазик, култура и наследство е можно само со полноправно членство во ЕУ и целосна интеграција на македонскиот идентитет во комплексниот мозаик на европскиот.

Германија-Северна Македонија Зечевиќ-Дрекслер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.