Александар Трајковски, адвокатот на генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, вели дека денеска до Кривичниот суд ја поднел жалбата за притворот, кој му беше одреден синоќа.
– Жалбата е поднесена до Кривичниот суд, кусо ни изјави адвокатот Трајковски, објави Фокус.
Судија на претходна постапка доцна синоќа му одреди 30 дневен притвор на Зеќири, по отворена истрага за склучен договор за консултантски услуги, со кој, заедно со уште двајца хрватски државјани, наводно, незаконски присвоиле 145.000 евра.
Притворот му беше одреден по сите три основи: поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на кривичното дело.