Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зелен Хуман Град: Дали премиерот мисли дека скопјани се лоботомирани?, решението за елиминација на депониите е само нула отпад

0
By Marija Todorovska on September 11, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од Зелен Хуман Град испратија реакција по изјвата на премиерот Христијан Мицкоски за депониите. Реакцијата ја пренесуваме во целост.

Премиерот вчера изјави дека неговата партија ќе барала на тендер фирма за јавно-приватно партнерство што ќе управувала со Дрисла. Неговата партија не го создала проблемот со депониите, ама ќе го решела.
Неговата партија веќе го спроведе „решението“ со јавно-приватно партнерство за Дрисла. И што ни донесе тоа? Една деценија изгубена и нула од ветените инвестиции. Отпадот во рацете на криминалци кои според јавно достапните информации извршиле нерегулиран увоз на контејнери со отпад!
Според Европската комисија меѓу 15 и 30% од отпадот кој се извезува од ЕУ земјите завршува како нелегален транспорт во некоја од земјите што не се ЕУ–членки, особено во земјите со слаба легислатива за управување со отпад и уште послаба имплементација како што е Македонија.
Се декларирате ко патриоти, не постои попатриотски чин од заштита на животот и здравјето на жителите на Македонија, од заштита на животната средина! Секоја следна година се давиме во сè повеќе отпад и дишеме сѐ позагаден воздух од кој умираат илјадници луѓе годишно! На власт се луѓе за кои нашите животи немаат никаква вредност!
Не сме ние невладини што се бунат, ние сме жители на овој град и нема да дозволиме да ви плаќаме за да нѐ труете и да нѐ убивате! Со години нудиме решенија за третман на отпадот во Македонија што освен што ќе гарантира заштита на нашето здравје и нашите животи, ќе гарантира и заштита на животната средина.
Обезбедувањето на депониите, нивната санација, ремедијација, итн. е само третирање на симптомите. Ние нудиме решение со кое ќе се отстрани коренот на проблемот, решение со кое депонирањето повеќе нема да биде практика во Македонија за да има потреба да се трошат повторно и повторно и повторно наши, јавни, пари за физички да се обезбедуваат депониите, да се гасат пожари, да се лечиме од последиците, да ги закопуваме прерано најблиските.
Депонирањето е практика од минатиот век и не му е местото во општествата од денешницата. Современите општества се стремат кон нула отпад.
Нула отпад како концепт значи најнапред обезбедување дисперзирани компостари за биоотпад во секое маало од кои ќе се добива компост (органско ѓубриво за почва) или биогас. Во Македонија/Скопје меѓу 60 и 80% од вкупниот комунален отпад е биоотпад.
Ако успешно го спроведеме биокомпостирањето тоа ќе значи елиминирање на 60-80% од отпадот кој завршува во нашите контејнери, елиминирање на 60-80% од трошоците кои сега сите ги плаќаме за транспорт и за депонирање на тој отпад.
Второ, државата/Градот Скопје паралелно да инвестираат во постројки за преработка на градежен шут. Наместо тој да се истура на секој чекор во природа и да создава минидепонии ќе може да се преработува и да се реискористува во градежната и поврзаните индустрии.
Трето, Градот Скопје и институциите под негова надлежност се должни да ги користат медиумите за масовно известување за да гарантираат ефективност и правилно спроведување на примарната селекција на отпад (стакло, метал, пластика, хартија, електронски отпад).
Работилници за поправка и реупотреба на мебел како и електронски уреди е четвртиот многу важен столб од концептот нула отпад. Градот може да поттикне социјално претприемаштво и да формира јавно-граѓански партнерства со здруженија/иницијативи кои веќе работат во оваа сфера.
Најпосле, одделните фракции отпад и таа мала количина мешан комунален отпад кој ќе остане можеме и мораме да го извезуваме надвор од Македонија во земји каде што институциите постојат и соодветно ќе се справат со него, наместо да си го трупаме локално и со тоа да си ги труеме почвата, водата, воздухот. Веќе долги години Македонија нема функционални институции ниту има функционални инспекциски служби, а како потписничка на Базелската конвенција има право на извоз на отпад.
Јавно-приватното партнерство е форма на капиталистички екстрактивизам: јавните добра се гледаат како пазар за профит. Тоа значи дека здравјето, чистиот воздух, пристапот до услуги – се претвораат во роба. Јавната контрола исчезнува, одеднаш процесите и податоците стануваат „деловна тајна“. Приватникот нема интерес да ја намали количината отпад (нула отпад), туку обратно, му треба постојан проток на отпад за да има профит. Во практика јавно-приватно партнерство значи дека јавен капитал и јавни ресурси се префрлаат во приватни раце, а ризиците и штетите остануваат за граѓаните. Приватникот инвестира минимално, а извлекува максимален профит преку буџетска поддршка и субвенции. Приватникот никогаш не влегува од алтруизам туку бара гарантиран профит, договори на 20–30 години, монополи. Тоа е класична форма на приватизација на јавното на мала врата! Злоупотреба на јавни пари, со нив да управуваат приватници и моќници блиски до власта.
Сите го паметиме случајот со увоз на токсичен отпад – отпадно масло забрането во ЕУ кое во Македонија лажно се претставувало како мазут и се користело и за загревање на државни институции, меѓу кои и болници. Неговиот увоз во земјава според Базелскиот институт било овозможено благодарение на политичка моќ и конекции кои биле инструментализирани да се изиграат процесите на јавни набавки, да се оневозможат контролните механизми и механизмите за мониторинг, како и да се избегнат санкции.
На Дрисла не ѝ требаат странски пари ниту донации. Нам не ни требаат пари од валкани бизнисмени и донации за перење пари и перење совест. Нам ни треба нашите пари со кои за несреќа располагате да бидат наменети за приоритетите што ние, граѓаните, ги имаме, наместо да завршуваат во џебовите на корумпирани политичари.
депонии зелен хуман град Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.