НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски: 16.000 странски борци се на пат кон Украина за да ни помогнат

0
By Соња Крамарска on March 3, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Володимир Зеленски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првите странски борци пристигнаа во Украина за да помогнат во одбраната на земјата од руската инвазија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Украина веќе ги поздравува странските волонтери. Првите 16.000 веќе се на пат да ги заштитат слободата и животот за нас и за сите“, рече тој во видео-обраќањето објавено на Фејсбук.

Украинската влада ги повика луѓето од целиот свет да се приклучат во борбата против Русија.

Но, владите како САД и Обединетото Кралство им наложија на граѓаните поинаку, додека испраќаа помош во форма на оружје, помош и санкции. Зеленски не прецизираше од каде потекнуваат борците.

Тој, исто така, ги пофали сојузниците за испраќањето оружје во Украина, велејќи дека Украина добива нова „муниција секој ден од нашите партнери, од вистински пријатели. Секој ден имаме сè помоќно оружје“.

Зеленски објави план за обнова на земјата по војната, велејќи дека е формирана програма за помош на Украинците кои останале без работа и вети дека ќе бидат исплатени сите пензии.

„Украинците во сите региони изгорени од војна добиваат се што е потребно. Координативните штабови работат целосно, вистински хуманитарни товари се на пат“, рече тој.

 

 

Зеленски странски борци Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.