Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираше извештајот на британски „Економист“ дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.
Канцеларијата, исто така, негираше дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе „УНН“.
Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега е постигнување мир и дека е целосно лажно дека подготовките за изборите веќе се во тек.
Пред месец и половина, и поранешниот украински претседател Петро Порошенко исто така тврдеше дека украинските власти планираат да одржат претседателски избори до крајот на оваа година, пренесе „Радио Слободна Европа“.
Запишете – 26 октомври оваа година, рече Порошенко во интервјуто објавено од украинскиот сајт Censor.net на 16 февруари.
Тој рече дека ја добил оваа информација од анонимни упатени извори во кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кои исто така беа цитирани од локалните медиуми.