Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека води разговори со американскиот претседател Доналд Трамп за можноста за распоредување американски војници во Украина, но нагласи дека таквата одлука би зависела исклучиво од американскиот лидер, објави „Уркинформ“.
На новинарско прашање дали, во рамките на безбедносните гаранции, САД планираат да распоредат свои сили во Украина – долж линијата на разграничување или на границата – Зеленски одговори:
Искрено, ова може да го потврди само претседателот на САД. Тоа се американски војници и затоа токму Америка ги носи таквите одлуки. Секако, за ова разговараме и со претседателот Трамп и со претставници на Коалицијата (на волните, н.з.).
Тој додаде дека Украина би сакала да види американски трупи на својата територија како безбедносна гаранција. Според Зеленски, тоа би било силна позиција од аспект на безбедносните гаранции.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека е постигнат значителен напредок во разговорите за завршување на војната по неговата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, која се одржа во неделата, 29 декември, во резиденцијата Мар-а-Лаго во сојузната држава Флорида.




