Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во посета на Полска.
Најавено е дека Зеленски во Варшава ќе има средби со полскиот претседател Анджеј Дуда и премиерот Матеуш Моравјецки.
Се планира вечерва Зеленски и Дуда да разговараат со луѓе од Украина кои бегајќи од војната застанале во Полска, пренесува ДПА.