Најмалку 20 луѓе загинаа, а десетици се повредени во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени кој утрово ги погоди Филипините.
Потресот се случил во 8 часот по локално време, а епицентарот бил на околу 700 километри од главниот град Манила.
Најмалку 15 од загинатите се од градот Кебу, а четири од провинцијата Бохол, еден почина во провинцијата Сикуијот, соопштуваат од Канцеларијата за цивилна одбрана на Филипини.
Повеќето од загинатите биле погодени од урнатините, објави новинската филипинска агенција.
Најмалку 33 лица се водат за исчезнати, а спасувачите работат во извлекување на луѓето заглавени во урнатите.
Поради земјотресот во прекин е снабдувањето со електрична енергија во повеќе филипински реони. Не е издадено предупредување за цунами.
Филипини се наоѓаат во огнениот појас на Пацификот, кој многу често е изложен на земјотреси и ерупции.