Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер, е регистриран изутрината во Јонското Море со епицентар на 12 километри северозападно од грчкиот остров Кефалонија, соопшти атинскиот геофизички институт.
Голем број домови се разурнати, вклучително кејот на пристанишното гратче Луксури, а има и полесно повредени, јавија грчките медиуми.
Грчките сеизмолози не ја исклучуваат можноста од нов посилен земјотрес.
За време на земјотресот повредени се повеќе лица и причинета е материјална штета во Луксури, втор град по големина на островот, соопштил градоначалникот на Кефалонија, Александрос Парисис