Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтер денеска бил почуствуван во 15 часот и 41 мнута во Македонија во прилепскиот регион. Епицентарот на земјотресот бил на одалеченост од 92 км јужно од Скопје, а потекнува од епицентрално подрачје Мрежичко-Кавадарци., покажуваат информациите на ЕМСЦ.
Потресот, според објавите на социјалните мрежи од граѓаните од прилепско-битолскиот регион , траел неколку секунди.