Земјотрес со јачина од 4,8 степени утрово, нешто по 8 часот, ја погоди БиХ, поточно подрачјето околу Мостар.
Според податоци на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на потресот бил на 10 километри од Широки брег, на длабочина од 5 километри и силно се почувствувал во Мостар.
Засега нема информации за причинети материјални штети, за повредени и евентуални жртви.