Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер го погоди денеска централниот дел на Тајван во кој загина едно лице, а 19 се повредени.
72-годишна жена е првата жртва, засега, која животот го зaгубила кога врз неа паднал ѕид од храмот до којшто стоела, во округот Нанто.
Од силината на потресот евидентирани се неколку пожари во куќите, пренесува агенцијата AP.