Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зголемени казните затвор на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“

0
By Marija Todorovska on May 8, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во 2019 година во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени, додека делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, на начин што им ги зголеми казните затвор на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, обвинетиот Дурмиш Белули од четири на десет години, на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари од шест на десет години, и од пет на по седум години казна затвор на двајцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски.

Казните на третиот вработен во станицата за технички преглед Јане Боваровски и на возачот на автобусот, Маноил Трифуновски остануваат исти, пет и 14 годни казна затвор.

Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи  према обвинетите Д.Б.од с.Б.Г, И.Г.од Г., Г.Д. од Г., Ј.Б од Г. во делот на кривичната санкција, за обвинетиот Р.М. од с.Ч, Г по однос на засметувањето на мерката куќен притвор во изречената казна и висината на истата и за обвинетиот М.Т од Г. по однос на засметувањето на мерката куќен притвор во изречената казна и се осудуваат и тоа: обвинетиот Д.Б.од с.Б.Г на казна затвор во траење од 10-десет години; обвинетиот Р.М од с.Ч.Г. на казна затвор во траење од 10-десет години, обвинетиот И.Ѓ. од Г. на казна затвор во таење од 7-седум години; обвинетиот Г.Д. од Г. на казна затвотр во траење од 7-седум години и обвинетиот М.Т. од Г. на казна затвор во траење од 14- четиринаесет години, се вели во соопштението од Апелација.

Истовремено под став II од одлуката, со решение се уважени жалбитe  на оштетените  по однос на решението за трошоци кое овој суд го укина и предметот во тој дел го врати на повторно постапување пред првостепениот суд.

Жалбите на оштетените по однос на одлуката за имотно правно барање ги отфрли како недозволени, согласно член 411 став 4 од Законот за кривична постапка, стои во соопштението од Апелација.

Одлуката со образложени причини за истата, согласно Законот за управување со движењето на предметите во судовите, ќе биде објавена во целост и достапна на веб страната на судот.

Во пресудата, што беше објавена лани во јануари, обвинетите беа прогласени за виновни и добија вкупно 39 години затвор.

Апелационен суд Ласкарци ОЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.