Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жал за самите нас

0
By Биљана Секуловска on November 9, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Понекогаш ни паѓа жал за самите себе. Не би требало, ако сакаме да бидеме докрај чесни, не би смеело да се самосожалуваме, но сепак- понекогаш само тоа и ни останува.

Знаеме дека жалта за самите себе е наш национален спорт, наша специјалност која честопати, ако не и секогаш, не нè води на правиот пат, на вистинскиот. Но, што да се прави, некогаш летаргијата и меланхолијата се сè што имаме. Ни паѓа некоја жал за нас.

Жал што не знаеме како, и не знаеме кому да објасниме. Дека е жална целата оваа ситуација.

Жал што лидерите докрај и не разбираат како треба да изгледа вистинскиот пат. Жал што социјалдемократијата станала напуштена, стара и осамена госпоѓа, што не нема нас, што ние ја немаме неа.

Жал за правдата, еднаквоста, за општество кое треба да биде социјално, на сите подеднакво. За држава која мора да ја пружи раката на послабите, на оние немоќните, напуштените, маргинализираните, понижените и обесправените. Да бидат заштитени од системот, од сите нас.

Жал за тоа дека власта им свртела грб на најпаметните во оваа земја. На луѓето како Петар Гошев и Бранимир Јовановиќ. Жал за дебатите во кои двајцава и објаснуваат на советничка на министерката за финансии Нина Ангеловска- и објаснуваат од петни жили што значи да се биде праведна држава. За тоа како треба да изгледа вистински социјално општество, каква е таа борба за еднаквост, за права кои мора сите да ги имаат, за да можат и да ги уживаат.

Жал што власта се изгубила во визијата за еден нов, праведен свет. Жал што и Заев, и Кочо Анѓушев заборавиле дека тагата брзо доаѓа и тешко може да замине, ако ги прегазите оние кои веруваат во вас и вашите ветувања и соништа.

Жал што и Заев и Анѓушев разбрале дека дебатите за наметнување на рамни и прогресивни даноци се строго академски ламентирања, ораторски вечери во кои и онака само тие можат да извојуваат победа.

Жал што овие двајца господа не ја разбрале докрај смислата на еднаквата распределба на богатството во една држава. Фактот што постојат луѓе кои имаат пари и луѓе кои ги немаат. Од разни причини ги немаат- понекогаш тоа се професии кои и не носат пари, но без нив е невозможно да опстане општеството и самата држава,  понекогаш се во прашање животни околности, заплети на судбини и настани. Сеедно кои се причините- едноставно ги немаат тие пари.

Затоа, праведноста во едно општество овие двајца господа мора да ја разберат- дека општеството може да функционира само на еден начин- на праведна и еднаква поделба на богатствата, ресурсите, знаењата, талентите, вештините, моќите.

Тоа изгледа вака: оние кои имаат пари, даваат еден мал дел на оние кои не можат да ги имаат парите, но имаат нешто друго- без што не опстанува една држава. А тоа е интелектот, талентот, паметта. Од сето ова никаде во светот не се заработува ни приближно толку добро, колку што може бизнисот, зарем не.

Потоа, ги даваат на оние кои не се величенствени умови, можеби и не можат ништо од ова, дури и не знаат буквално ништо од сето ова. Но, само така може да опстане една држава, едно општество. Кога секој дава и вложува она што може да си го дозволи, она што го поседува, она што го има, што го стекнал, со што се родил и со што е подготвен и да умре. Бизнисмените- парите, интелектуалците- умот и визиите за подобар, поправеден свет, занаетчиите- вештите раце, земјоделците- избраздените раце и животниот товар, уметниците- чудата кои ги создаваат, за да може сите ние останатите да преживееме.

Дури и оние што немаат ништо, ниту пари, ниту ум, ниту вештини, ниту грам среќа, ни даваат вистинска причина да се бориме за нив. Тие најмалку ги напуштаме, тогаш кога навистина ќе разбереме зошто сме тука, на Земјава.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.