Францускиот економист Жан Тирол ја доби Нобеловата награда за економија. Шведската кралска академија на науките денеска соопшти дека Тирол бил награден за „неговите анализи за моќта на пазарот и регулацијата“.
Жирито оценило дека Тирол е „еден од највлијателни економисти на нашето време“.
Жан Тирол е француски економист со работно-истражувачко искуство во повеќе области од економијата, меѓу кои и претприемништвото, банкарско и финансиско работење, економска психологија и индустриска организација.
По многу освоени награди за неговите достигнувања, оваа година ја доби и Нобеловата награда за економија.