Половина век по книгата „Грејпфрут“ објавена во 1964, писателката и активистка Јоко Оно објави продолжение за кое се надева дека ќе ги поттикне луѓето да размислуваат и читаат.
„Желад“ е книга составена од 100 „инструкциски песни“ и цртежи.
Секој ден, во текот на тие 100 дена, таа им давала различни идеи на луѓето за размислување. Сега ги собрала во една книга.
-Ми се допадна таа идеја бидејќи многу луѓе веќе не читаат – изјави таа за Ројтерс и додаде дека смета дека читањето книги е потполно различно искуство од користењето на интернет.
-Секоја инструкција е пропратена со цртеж кој претставува додатна стимулација за читателите – вели Оно.