Еден ден по свеченото отворање на меѓуконтиненталниот железнички тунел под Босфор, дошло до прекин на електричната енергија, по што патниците излегле од возот и остатокот од патот го минале пеш.
Струја немало неколку минути и дефектот бил набрзо поправен, но патниците во турканицата се симнале од возот и пешачеле.
Мармарај, подводниот тунел долг 13,6 километри беше отворен вчера. Работата на проектот почна во 2004 година, а вкупната цена на изградбата чинела четири милијарди долари. Цевката на тунелот се наоѓа 60 метри под морската површина, а турската влада тврди дека тој е најдлабокиот тунел на светот.