Жена од Горно Јаболчиште со иницијали Л.З. на возраст од 44 години, вчера физички се пресметала со тројца мажи во нивниот дом.
Во Полициското одделение Чашка случајот бил пријавен од страна на 49-годишниот С.З., кој изјавил дека, освен него, таа ги нападнала и Х.З.(35) и С.З. (71), при што употребила тврд предмет.
Неофицијално дознаваме дека жената, поради недоразбирања од претходно, отишла во домот на нападнатите и ги удирала со стап.
Инаку, жената не е во роднинска врска со мажите. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.