Почината 51-годишна жена е најдена во куќа во Волково во која настанал пожар рано утрово. Како што се наведува во полицискиот билтен, на 1 август 2021 во 4:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Волково, скопско, настанал пожар во куќа.
При гаснење на пожарот, од страна на екипа на Противпожарна заштита била пронајдена почината 51-годишна С.С. Лекар констатирал смрт без траги на насилство.
Од страна на увидна екипа од СВР Скопје бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.