Жена на возраст од 60-тина години е убиена синоќа во Охрид, најверојатно од крадец кој влегол да го ограби нејзиниотс стан.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ја потврди информацијата, но не изнесе детали за случајот. Во тек е криминалистичко-технички увид на местото на настанот.
Според првичните информации, најверојатно станува збор за грабеж извршен синоќа околу 20 часот, при што настрадала жената која давала отпор при обидот да биде ограбена во нејзиниот стан во кој живеела сама во зграда на улицата „Галичица“.