Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жените од Македонија одат да абортираат во Србија и Косово

0
By Менче Атанасова Точи on September 29, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонските жени одат да абортираат во Врање и во други градови од соседна Србија и Косово кои се најблиску до нашата држава, тврдат за НОВА гинеколози кои се инволвирани во оваа проблематика. Во какви услови го вршат абортусот таму, никој не знае да каже.

Некои од жените купувале таблети за умртвување на плодот, кои таму се употребуваат регуларно, но бидејќи тоа го правеле без надзор на лекар тука, најчесто завршувале со крварења и компликации, тврдат нашите извори. Оваа масовна појава земала замав откако во болниците започна да се применува новиот Закон за прекин на бременоста, со кој беа усвоени процедури за поднесување на барање, советување и задолжително чекање од три дена за жената да го оствари правото на абортус.

Македонските болници доследно го применуваат новиот Закон, иако се уште не се донесени подзаконските акти, а до нивното донесување треба да се применува стариот Закон за прекинување на бременоста. Овие одредби во целост се применуваат во пракса само два месеца по влегување во сила на законот.

Во Министерството за здравство пак, велат дека подзаконските акти се во фаза на усогласување со законодавството или се во завршна фаза на изработка.

-Во секој случај согласно преодните одредби од Законот, досегашните подзаконски акти се применуваат се до донесувањето на новите, велат од правната служба на Министерството за здравство.

Во болниците велат дека мора да го применуваат законот бидејќи така им било наложено, а тука е и стравот поради ригорозните казни кои изнесуваат од 2 000 до 3 500 евра доколку не ги информираат брачните другари за опасноста која ја носи прекинот на бременоста. Сепак, лекарите велат дека тешко е да се влијае на одлуката која ја донела жената.

-Доколку некоја жена одлучила да ја прекине бременоста, никој не може да ја убеди во спротивното. Како лекар многу пати сум се обидувал да извршам влијание за да жената ја промени одлуката. Мојот впечаток е дека, жената сама одлучува што ќе направи понатаму, изјави за НОВА гинеколог со долгогодишна пракса, кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.

Лекарите велат дека во вакви ситуации, кога се врши советување или убедување, многу од жените не се појавуваат повторно на истата врата и се претпоставува дека заминуваат да го извршат абортусот нелегално во приватни ординации.

Советувањата ги прават психолози и социјални работници во болнички установи кои имаат дозвола да вршат прекин на бременоста.

Во септември минатата година поради повреди предизвикани од пад од височина, бремена жена со мртов плод морала да чека три дена пред да ѝ биде извршен абортус за да бидат испочитувани законските обврски кои наложуваат тридневен рок по лекарското советување за абортус.

Во Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА велат дека ова е еден од случаите во кои се доведува во опасност здравјето на жените само поради новите одредби од Законот за прекинување на бременоста кои беа донесени минатата година.

Н а 12 декември минатата година жена која имала хематом и не можела да го задржи плодот , била пратена на Клиниката за гиенекологија за да и биде извршен абортус. Но, таму прекинот на бременоста бил извршен дури четири дена подоцна, откако ги поминала сите процедури и ги пополнила сите формулари, а за цело време трпела силни болки.

Од друга страна на Клиниката за гинекологија велат дека откако започнале да го применуваат новиот Закон регистрирале случаи на жени кои се предомислиле и се откажале од абортус. Минатата година кога беше донесен Законот од 196 жени кои на клиниката дошле да извршат прекин на бременоста, 16 се откажале, а годинава од вкупно 191 жена кои дошле да абортираат , 14 се откажале. Сепак, од таму признаваат дека има и такви кои после процедурата на советување и чекање од три дена, не се појавиле повторно на клиниката и за нив немаат информација каде завршиле и што се случило понатаму со нив.

Според информациите до кои дојде НОВА, намален е бројот на абортуси во јавното здравство, но сето тоа упатува на сомнеж дека се зголемува бројот на нелегални абортуси.

Во гинеколошкото одделение во болницата во Битола имало случај на жена која била во 10-тата недела и не ја прекинала бременоста во болницата откако се соочила со новите процедури, но тоа го сторила во приватна ординација, потврдија лекарски извори за НОВА од оваа болница.

-На ваков начин сигурно нема да се зголеми наталитетот. Кај нас доаѓаат жени за да извршат прекин на бременоста и по три дена повеќе не се појавуваат, вели гинеколог од битолската болница.

Невладините организациите во септември 2013 година поднесоа Иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на спорниот закон пред Уставниот суд.

Иницијатива се однесува на сите спорни членови и се темели на уставно загарантираното право во член 41 став 1 од Уставот на РМ, каде се вели дека жената може слободно да одлучува за создавање на деца. Иако помина цела година, Уставниот суд се уште нема одлучено по Иницијативата за оценување на уставноста на Законот за прекинување на бременоста од 2013.

Во ХЕРА и во другите невладини организации кои се залагаат за унапредување на протоколите за безбеден абортус препорачани од СЗО, велат дека иако Здружението на гинеколози на Македонија до Министерството за здравство доставило препораки за унапредување на медицинските протоколи, овие стратешки документи и мерките не биле земени во предвид при развојот на текстот на Законот од 2013.

Уште повеќе, трите мерки на законот со кои се ограничува правото на жената до абортус не се споменуваат во ниедна од Националните стратегии и политики.

-Сакаме да истакнеме дека прекинувањето на бременост е животен факт и не може да се сопре со ригидни закони. Напротив, земјите кои го почитуваат правото на жената, немаат ограничувачка законска регулатива и обезбедуваат пристап до безбеден абортус, имаат најмала стапка на абортус, велат од невладината ХЕРА.

ХЕРА се надева дека претставката која ја поднесе со партнерските организации и професорката од Правниот факултет, Каролина Ристова -Астеруд , уште пред една година конечно ќе биде разгледана, а Уставниот суд на Република Македонија ќе застане во одбрана на уставотворниот принципи на нашата земја и ќе ги прогласи законските измени како неуставни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.