Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жените Ромки до Тодоров:Не бараме времени мерки туку трајно решение на проблемот

0
By Менче Атанасова Точи on November 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство и минатата година најави дека бремените жени ќе добиваат бесплатни микробилошки услуги, а праксата покажа дека ниту една жена од социјално загрозените семејства од Шуто Оризари не ја искористила мерката, поради несоработката меѓу социјалните служби и здравството.

За оваа година во Превентивната програма беше најавено бремените да добиваат бесплатна фолна киселина. Но,исто како и претходната мерка досега ниту една жена од Шуто Оризари не добила ваква мерката. Вака денеска во Собранието реагираа жените од Ромки, по вчерашната најава на министерот Тодоров дека прегледите за бремените жени ќе бидат бесплатни. Тие велат дека не бараат времени мерки, туку трајно решение на проблемите.

„Апелираме дека нас не ни се потребни времени мерки, коишто во пракса не стигаат до граѓаните, затоа што нема ефикасни механизми за нивно спроведување. Доколку министерството навистина сака да го реши проблемот со скапите услуги во текот на бременоста, бараме оваа мерка да не се става во превентивните програми, затоа што знаеме дека со сигурност нема да дојде до нас, како што не стигнаа и претходните мерки“, рекоа жените на Собраниската комисија за здравство.

Тие бараат жените да добијат бесплатни услуги како што е породувањето и тоа само со здравствена книшка, без дополнително да треба да носат потврди и рецепти, да плаќаат пари за да ги добијат назад, или други пречки што ќе ги шетаат жените од институција до институција.

„Фондот и Министерството треба да изнајдат начин за ние во пракса да ги добиеме бесплатните услуги, покрај на хартија, и да почувствуваме дека институциите се грижат за нас.

Потсетија дека патронажните сестри не доаѓаат во нивните домови, проблем кој е ем поврзан со здравјето на бремените и новороденчињата. Со истражувањето од минатата година кое е направено на терен само 14% од бремените жени биле еднаш посетени во текот на бременоста иако во превентивната програма на Министерството за здравство се препорачува најмалку две посети, за Ромките дури и повеќе. Причината за не посетувањето се должи на тоа што нема доволно кадар и теренски возила.

“Замислете како е денес да сте бремена жена од Шуто Оризари и да треба се грижите за вашето здравје, а притоа едвај да преживувате од социјална помош? Затоа и денес прашуваме која е цената на здравјето и животот на жените од Шуто Оризари? Од оваа сала и денес бараме да се слушнат нашите гласови, да се слушнат проблемите од терен кои ги имаат бремените жени и да се преземат мерки за да се решат нашите проблеми.

Ве молиме од оваа сала да седнете и да најдете решенија за нашите проблеми, не времени, не од денес за утре, не по една година да видиме дека не чинеле. Бараме трајни решенија, бараме ефикасни механизми, бараме квалитетна здравствена заштита за сите жени, а тоа оваа држава има должност да ни го обезбеди.

Бараме матичен гинеколог во Шуто Оризари, бараме целосно бесплатни услуги за бремените жени, бараме грижа од патронажните сестри“, порачаа жените Ромки.

Во општина Шуто Оризари живеат повеќе од 8 000 жени во репродуктивен период, а нема ниту еден матичен гинеколог, проблем за кој се зборува со години наназад. Времената мерка на Министерството да доаѓаат гинеколози од Чаир, не даде резултати. Не само што веќе и не доаѓаат лекари, со оваа мерка општината не доби доби матичен гинеколог, лекарите што доаѓаат повремено не можат да издаваат рецепти, упати до болниците и до лабораториите, не може да прават тестови, ниту пак да следат бременост. По протестот пред

Министерството за здравство, Тодоров најави дополнителна стимулација од 15 000 денари за гинекологот што ќе се пријави да работи таму. Но, огласот се уште не е распишан.

Во четвртокот министерот Тодоров најави сет мерки за намалување на смртноста на новороденчињата. Тоа се бесплатни гинеколошки и микробиолошки прегледи за бремените жени, биохемиски анализи вклучувајќи го и породувањето, советување од страна на патронажните служби, советување и еден бесплатен гинеколошки преглед на жените од ромската популација како и гинеколози од Клиника за гинекологија и болницата во Чаир еднаш неделно да работат во Здравствените домови.

„Доенечката и мајчината смртност се области кои се актуелни во светски рамки, и секоја држава презема мерки за намалување на стапката. Важно е да се има предвид дека тука станува збор и за многу поразвиени земји од нашата, што имаат на располагање и вложуваат значително поголеми ресурси во здравството, така што и тие имаат посветени Програми за намалување на доенечкиот морталитет,“,рече на прес конференција Тодоров.

Сепак и покрај Стратегијата на безбедно мајчинство од 2010 година, смртноста на доенчињата се зголемува од 7.5 во 2011 на 9.9 во 2014 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на смртност на новороденчиња до седмиот ден изнесува 14.3 и е највисока од сите земји на ЕУ, односно тројно повисока од европскиот просек кој изнесува 5.2.

Во исто време се зголемува и стапката на смртност на доенчиња до една година возраст. За споредба, стапката на смртност во Србија е 8.9, во Хрватска е 5.7 во Турција 10.2.

Со ова државата и годинава ќе биде водечка во Европа по смртност на новороденчиња, место кое го држи во последните пет години.

Бројката на јавно достапни случаи на смрт на родилки и бебиња годинава во Скопје, Гевгелија, Тетово укажува дека ситуацијата е загрижувачка. Кога една општина со 8000 жени во репродуктивен период немаат матичен гинеколог ситуацијата е повеќе од застрашувчка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.