НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жените во Иванов гледаат спас за законот за абортус

0
By Нова ТВ on June 12, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ПИСМО ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ
До:
Г-н Др. Ѓорѓе Иванов,
Претседател на Република Македонија
Вила Водно
ул. Ацо Караманов 33а
1000 Скопје
Скопје, 11.06.2013
Предмет: Молба за непотпишување на Законот за прекин на бременост

Почитуван господине претседател, Ви пишувам како граѓанка на Република Македонија со молба да не го потпишете Законот за прекин на бременост што вчера беше изгласан во Парламентот. Врз основа на мојот долгогодишен ангажман за подобрување на статусот на жената во општеството, вклучително и нејзиното репродуктивно здравје и остварувањето на нејзините репродуктивни права, сметам дека Законот ќе нанесе многу штета не само на директно засегнатите жени, туку и на нивните најблиски, па така и на целото македонско општество.

Жените не се одлучуваат на толку интензивна телесна интервенција поради психичка лабилност или одбивање да се превземе одговорност. Жените одбираат абортус кога немаат друг излез т.е. кога немаат услови за одговорно и квалитетно родителство (без оглед на тоа дали веќе имаат деца или не). Не смее притоа да се заборави дека еден дел од бремените жени забремениле поради тоа што откажала контрацепцијата што ја користеле тие и/или нивниот сексуален партнер. Со други зборови, тие жени и нивните партнери уште пред сексуалниот чин знаеле дека сакаат да ја избегнат бременоста. Во спротивно не би користеле контрацепција.

Ве повикувам да му сугерирате на законодавецот да изготви нов предлог-закон кој нема да ги содржи одредбите за задолжително поднесување специфично писмено барање за прекин на бременоста, задолжително советување и задолжителен период на чекање од три дена. Абортусот треба да остане лесно достапна медицинска постапка бидејќи само на тој начин, т.е. без административни бариери и вршење на психички притисок врз бремената жена, може да се спречи извршувањето на нелегални абортуси во несоодветни услови и од недоволно стручни лица. Како што и самите сигурно знаете, или барем здраворазумски можете да претпоставите, таквите абортуси честопати водат до психички и здравствени проблеми, вклучително и смрт на жените. Тие последици, еднакво како и раѓањето на непосакуваното дете, во никој случај нема да доведат до општество на здрави, одговорни и среќни граѓанки и граѓани што сум сигурна дека е Вашата цел како Претседател.

Ве повикувам исто така да му предложите на предлагачот, Министерството за здравство, да изготви заедно со Министерството за образование и наука програми и кампањи за сексуална едукација, вклучително и користење на квалитетни и современи контрацептивни методи. Еден дел од тие програми и кампањи треба да е задолжителeн во сите образовни установи (од оние за основно до оние за високо образование), а друг дел треба да е наменет за пошироката популација. Во согласност со народната мудрост „Подобро да се спречи отколку да се лечи“, овие едукативни мерки ќе ја намалат потребата од користење на абортусот како средство за контрацепција и дополнително ќе придонесат кон создавање на здраво, одговорно и среќно општество.

Со надеж дека ќе ги прифатите моите предлози, Ви благодарам за одвоеното време и срдечно Ве поздравувам,
Мр. Ана Мишковска Кајевска
(докторантка по политиколошки науки при University of Amsterdam)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.