Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и претседателот на Советот на Општината, Мирослав Шиповиќ, денеска реагираа на тендерот кој централната власт го објави за продажба на последната расположлива парцела на Плоштад Македонија.
Жерновски изрази негодување заради објавувањето на тендерот за кој рече дека се објавува на сомнителен начин, а земјиштето се продава по багателни цени и тоа во период кога се врши ревизија на проектот Скопје 2014 од страна на Оптшината.
– Новиот инвеститор треба добро да размисли кои ќе бидат неговите следни чекори, зашто Општината прави ревизија на деталниот урбанистички план – рече Андреј Жерновски .
Претседателот на Советот на Центар, Миросалав Шиповиќ, рече дека во текот на идната недела Советот ќе го разгледа урбанистички план на „Мал ринг“, во кој е вклучен и Плоштадот Македонија, за да се види што тој содржи.