Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Се откажувам од трошоците за Ск 2014

0
By Нова ТВ on July 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Општина Центар се откажува од одржувањето на сите споменици и фонтани од проектот Скопје 2014, и досегашната обврска ќе ја префрли на градските власти.

Градоначалникот Андреј Жерновски веќе донел таква одлука и се очекуваше таа вчера да биде усвоена од мнозинството на Советот на Општината, но седницата беше прекината. Огромните пари кои се даваат за одржување е главниот мотив зошто од Центар одлучиле да се откажат од спомениците и фонтаните што се поставени на нејзино подрачје.

Само за одржување на фонтаната на Александар Македонски и двете фонтани во Вардар во изминатиот годишен период се потрошени околу 145.000 евра, од кои 35.000 евра само за струја. За одржување на сите споменици и фонтани, не вклучувајќи ги плоштадите „Пресвета Богородица“, „Карпошово востание“ и мостовите „Око“ и оној на уметноста, Општината на годишно ниво има трошок од околу 255.000 евра.

За физичкото обезбедување Општината за период од две години ќе треба да плати речиси 60.000 евра. За одржувањето на вечниот пламен во паркот „Жена-борец“ на општинска сметка стасува фактура од безмалку 7.000 евра а две полнења на резерватот во период од шест месеци чини околу 3.500 евра.

Според изјавата на надлежните на Центар, Град Скопје поекономично и поефикасно ќе управува со објектите:

0Од друга страна, фонтаните на плоштадите се наоѓаат на јавни површини од надлежност на Град Скопје, а исто така фонтаните во реката Вардар се наоѓаат во речното корито кое е во исклучива надлежност на Градот. Од тие причини, а со цел да обезбеди поекономично и поефикасно управување и одржување на наведените објекти, се предлага тие да се отстапат на чување, одржување, заштита и на користење на Град Скопје, при што потребните средства за овие намени да се обезбедат од буџетот на Градот“, се вели, меѓу другото, во образложените на предлог-одлуката на која е потпишан Жерновски.

Во неа е напоменато дека ова, всушност, се смета како предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Центар според одредбите на Законот за локална самоуправа, а меѓусебните права и должности да се уредат со договор што ќе го склучат двајцата градоначалници.

На листата споменици и фонтани кои се во план за отстапување се сите поставени како дел од проектот „Скопје 2014“, вклучувајќи ги и лавовите на мостот „Гоце Делчев“, скулптурите на мостовите „Око“ и на „Мостот на уметноста“, како и трите споменици на албански и турски дејци кои се’ уште не се поставени. Во план е да се отстапат и оние што допрва треба да се постават како споменикот на Петар Чаулев и други.

Од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски вчера рекле дека немаат ништо против најавите на Општина Центар, пишува Утрински:

-Ако така одлучат, ќе го прифатиме одржувањето на спомениците и фонтаните.

Сепак, останува енигма дали ова можеби е постигнат договор меѓу Жерновски и Трајановски и дали за предлог-одлуката ќе треба да се изјасни и Советот на Град Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.