Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски:Сител да се извини – во спротивно поднесувам тужба

0
By Нова ТВ on May 31, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Соопштението од Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски:

Синоќа ТВ Сител бомбастично најави дека некаков си нов скандал ја тресе општина Центар. Но вистинската вест требаше да гласи „Нова лага од кујната на ТВ Сител“.

Барам вечерва, ТВ Сител, во истиот термин, во централната информативна емисија да се извини за клеветата, искажана на вестите.

Доколку не се извини ќе ја тужам новинарката потпишана зад текстот, уредникот и медиумот.

Иако мое мото е слобода на новинарството, ова што го прави оваа куќа е најмалку новинарство.

ТВ Сител во вчерашните вести објавува дека: „Недели наназад бесправно се уништуваат спортски објекти кои се во надлежност на општината,за луѓе блиски до градоначалникот Жерновски да можат без документација и дозвола да изградат дискотеки“.

Навистина зачудува до каде оди дрскоста, непрофесионалноста и лагата?

Сител, ударно, како што им е наредено од партискиот штаб, бомбастично ја објавува оваа информација еден ден откако дел од провладините медиуми ја лиферува истата вест. Веднаш реагиравме со соопштение во кое кажавме за што точно се работи. И нормално, во медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ не се објави ни збор. И синоќа Сител не кажа ниту збор од соопштението, само констатираа дека од Центар молчат.

И бидејќи никогаш не молчиме и нема да молчиме, еве ја вистината, поткрепена со документи.

Посочениот жител, кој откако им даде документи на едни медиуми, со задоцнување тоа го стори и со Сител, поднесе пријава на 13.05.2013  до општината и градоначалникот и бара да се постапи и да се прекине уништувањето на базените и спортските објекти.

Овластениот градежен инспектор на општина Центар, за што можете да видите од документот, веднаш  по извршениот инспекциски надзор,  издал решение со кое му се наредува на инвеститорот во рок од три дена да го отстрани објектот , да престане да врши реконструкција со пренамена на објектите околу базенот и самиот базен и земјиштето да го врати во првобитна положба. 

За истото е запознаено веднаш и Министерството за транспорт и врски. Очекувавме Министерството, експресно, како што тоа го прави кога се работи за други случаи и ситуации, да потврди дека е известено од Наша страна за сите преземени, навремени и законски чекори. Но Министерството, или не ги чита дописите или како продолжена рака на партијата испраќа соопштение со кое бара нешто за што во нивната архива стои дека го добиле.

Воедно, ги охрабруваме сите граѓани, доколку забележат некаква неправилност, веднаш да се јават во општина Центар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.