Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жешка дебата околу екстерното тестирање на студентите

0
By Нова ТВ on October 30, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Невладините реагираат, студентите повторно изостанаа, а дел од универзитетите му честитаат на министерот Абдулаќим Адеми за реформата за екстерното тестирање на студентите.

Вака помина првата отворена дебата за предвидената измена во Законот за образование според која студентите на сите државни и приватни универзитети во земјава ќе треба да полагаат државен испит на крајот на втората и четвртата година од студиите.

-Со реформата за екстерно тестирање немаме намера никого да казниме, ниту да наградиме, туку сакаме да видиме дали студентите имаат кредибилна диплома и каков е квалитетот на работа на факултетите, изјави министерот за образование и наука Абдулаќим.

На денешната дебата не се појавија оние кои се најподложни од измените на законот -студентите. Доколку се усвојат измените, тие ќе го бранат своето знаење преку државен испит, кој ќе биде комбинација од сите изучени предмети и од сите години на студирање.

-Во законот за високо образование постојат механизми за проверка на квалитетот и тоа е одредба на Одборот за акредитација и еволуација. Меѓутоа, сега за сега не се евидентираат тие одредби и МОН излезе со ваква идеја . Ако се одлучиме студентите да полагаат државен испит на крајот од втората и четвртата година, тој испит ќе се состои од прашања од сите предмети кои ги поминале дотогаш, вели Адеми.

Според претставничката на Македонскиот образовен форум, Марија Мирчевска, со ваквите измени се косат со автономијата на универзитетите, како и со правото за студирање.

-Ако утврдуваме дека има компликации во високот образование, логично е да работиме на нивно подобрување, а не на воведување нови реформи, истакна Марија Мирчевска од МОФ.
За идејата на оваа реформа, универзитетите се со поделени ставови.

Според деканот на Државниот универзитет во Тетово, Агим Нухиу, ваквата идеја е за поздравување, бидејќи според нив, тоа ќе го зајакне кредибилитетот на студентите и професорите.

Од друга страна, од Меѓународниот универзитет во Струга, велат дека ваквата реформа треба да биде поквалитетна за средношколците, за да не мора истата да се применува и на факултетите.

Идејата за екстерно тестирање на студентите ја разбранува јавноста од самиот почеток. Досега студентите двапати одржуваат собири, но со мала бројот и без конкретни мерки за справување со новата реформа. Единствено што јавно побараа е тоа и професорите да ги поддржат

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.