Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жителите на Топаана – жртви на полициска бруталност

0
By Нова ТВ on May 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Автор: Jaсмина Јакимовска

Додека граѓаните молчат, полициската бруталност ескалира, обвинуваат граѓанските здруженија и младите Роми кои реагираат на последните случувања во Топаана кога во полициска акција за приведување избеган затвореник, беа повредувани невини луѓе.

Во видеото снимено од безбедносните камери во дуќан во Топаана за време на полициската акција пред две вечери се гледа како полицаец брутално расчистува се пред себе додека приведува осомничен. Жителите на Тоапаана се исплашени, велат вакво нешто не смее да се дозволи.

Реагираа и дел од политичарите. Бараат внатрешна контрола во полиција.

Во полицискиот извештај пак работата е чиста, полицајците барале затвореник, па откако биле нападнати од мештаните, привеле петмина од нив. Приведените денеска се пуштени од полиција, надлежните најавија расчистување на случајот. Но граѓанските здруженија се сомневаат во ваквите искази. Велат ова мора да престане.

Младите Роми уште еднаш потсетија на случаите со Трајан Бекиров, Мартин Нешковски, филмската акција како што велат на пазарот во Шутка каде постапките на припадници од полицијата завршија трагично. Тие посочуваат дека не го осудуваат приведувањето на затвореникот, но полицијата не смее притоа брутално да се изживува врз оние жители кои случајно се нашле во близина.

Вчера жителите на Топаана со протест го искажаа своето незадоволство против односот на полицијата. Денеска граѓанските здруженија најавуваат мобилизирање на своите активисти против полициската бруталност. Велат, овој случај мора да се испита, ако молчат македонските институци, тогаш ќе се чуе нивниот глас на судот во Стразбур.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.