Ја пренесуваме во живо прес-конференцијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.
Како што најавија од Владата, денеска по 16 часот се одржа 60-та седница на Владата на Република Северна Македонија, по што, во 17 часот, обраќање ќе има премиерот Ковачевски.
Како што веќе објавивме, со 68 гласа „за“ Собранието денеска ги изгласа предлог заклучоците за францускиот предлог поднесени од пратениците Јован Митревски од СДСМ и Арбр Адеми од ДУИ по распаравата за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот на ЕУ.
Никој не гласаше против заклучоците, но пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, и на Левица, кои бараа отфрлање на предлогот, ја напуштија салата пред да почне гласањето.