Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Живо) Панел дискусија со ексклузивни гости на „Цивил“: „Зад димната завеса: Белоруските медиуми во стисокот на Лукашенко“

0
By Sashko on August 26, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Цивил“ организира панел дискусија на тема „Зад димната завеса: Белоруските медиуми во стисокот на Лукашенко“ денеска, петок, 26 август, со почеток во 14:30 часот. Организацијата најавува ексклузивно гостување на белоруските новинарки Ксенија Халубович и Алена Наскович, како и медиумскиот експерт д-р Волфганг Ресман од Германија. Работен јазик на настанот е англискиот.

Минаа две години по масовните протести во Белорусија, по изборите во кои Александр Лукашенко прогласи победа, наспроти извештаите за тешки изборни манипулации. Режимот на Лукашенко насилно ги задуши протестите, со апсења и судско-полициски прогон на голем број интелектуалци, новинари и активисти.

Белорусија ѝ ја отстапи својата територија на Русија да ја спроведува својата брутална агресија против Украина. Лукашенко ѝ дозволи на Русија целосен пристап до воените и воздухопловните бази за да спроведува масивни воени операции против соседната, независна и суверена држава. Армиските инсталации на Белорусија се користат за лансирање ракети од тлото на Белорусија против Украина. И руските војници ги користат базите во Белорусија и оттаму ја преминуваат државната граница во инвазијата против Украина.

Во текот на сиот период од авторитарното владеење на Лукашенко, медиумите беа под целосна контрола, а независните медиуми беа затворани, новинарите прогонувани. Таа ситуација само се заостри по целосната инвазија на Русија против Украина од 24 февруари 2022 година.

Белоруските новинарки и новинари се апсат, се прогонуваат, малтретираат, па дури и убиваат од режимот на Лукашенко.

Каква е ситуацијата и кои се перспективите за демократијата и медиумските слободи во Белорусија? Како функционира пропагандната машинерија на Лукашенко? Која е улогата на меѓународната заедница?

Тоа се прашањата на кои Цивил ќе разговара на панел дискусијата што ќе се пренесува во живо на онлајн каналите на ЦИВИЛ, Фејсбук и Јутуб.

Извор: civilmedia.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.