Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зидвест:Македонија прави големи чекори, но надвор од Европа

0
By Нова ТВ on July 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со големи чекори надвор од Европа- ова е насловот на текстот за Македонија на германскиот портал Зидвест Пресе објавен вчера, а за чие пренесување и превод се погрижи редакцијата на порталот Фактор . Текстот од германски Зидвест ги го пренесуваме во целост.

-Кон крајот на мај со голема полициска инсценација полицијата уапси репортер на дневниот весник Нова Македонија. На новинарот Томислав Кежаровски му беа ставени лисици пред неговите деца, а потоа така беше воден и пред телевизиските камери.

На почетокот на април Кежаровски објави текст за нецелосно разјаснетата смрт на Никола Младенов.

Издавачот Младенов, кој имаше 49 години, важеше за бардот на медиумските слободи во Македонија. Во март тој загина возејќи со автомобилот недалеку од Скопје. Нема сведоци на несреќата.

Неколку дена по смртта на Младенов Кежаровски истражуваше на необезбедуваното место на несреќата и најде сметки од патарините, што отворија дополнителни прашања.

48-годишниот Кежаровски сега е обвинет за објавување текст, во којшто открил идентитет на заштитен сведок во судски процес за убиство. Нешто говори дека станува збор за местење: Написот бил објавен пред пет години и очигледно досега никому не наштетил.

Откриениот сведок во меѓувреме признал дека не ја говорел вистината и дека во времето кога Кежаровски ја цитирал изјавата воопшто не бил заштитен. И покрај тоа, новинарот се држи во притвор веќе шест недели. Притворот што на почетокот требаше да трае 30 дена, минатата недела беше продолжен за уште дополнителни 30 дена.

Новинарскиот синдикат, којшто протестираше против апсењето, веќе подолго време не е во добри односи со Владата. Синдикатот се бори против планот на премиерот Груевски да основа политички Медиумски совет, којшто ќе одзема лиценци за вршење радиодифузна дејност и ќе може да ги казнува сите медиуми, доколку ги повредуваат „интересите на граѓаните“, термин, чиешто значење не е подетално објаснето.

Новинарите, коишто и се верни на Владата се отцепија од синдикатот, но и тие сега – иако со помек тон – поставуваат прашања во врска со апсењето на Кежаровски.

Владата прави напори ниту еднаш да не биде изложена на критика. Западните дипломати се жалат дека не се информирани и дека не им се овозможува пристап до политичките затвореници – како што е случајот со српскиот охридски владика, Јован Вранишковски, којшто издржува затворска казна за наводно даночно затајување.

Невладините организации се жалат на политички притисок. Фирмите ги преплавуваат шиканирачки инспекции, доколку не покажат дека и се наклонети и верни на владејачката партија. Инвеститорите се повлекуваат, а животниот стандард и натаму паѓа.

Во Брисел во меѓувреме се дискутира за одземање на кандидатскиот статус на оваа дво-милионска земја. Премиерот Никола Груевски, којшто е на власт веќе седум години, покажува релаксираност во однос на ваквата закана.

Европските земји „можат да ни земат се што ни дале, но не можат да ни ја земат душата“ – изјави Груевски минатата недела во интервју за дневниот весник „Дневник“. Во истото интервју тој наброја повеќе успеси и достигнувања, што Македонија ги достигнала без ЕУ и НАТО, меѓу кои е и визната либерализација од 2009 година.

Со ваквите изјави тој изгледа сака да ги подготви Македонците за неуспех на амбициите за влез во ЕУ.

Македонија има кандидатски статус за влез во ЕУ уште од 2005 година. Сепак, досега преговорите не се започнати поради ветото на соседната земја, Грција поради спорот со името Македонија.

Според грчките сфаќања, бившо-југословенската земја не смее да се нарекува Македонија, како што се именува соседниот регион онолу Солун. Обидите за посредување се без успех не само поради цврстиот став на Атина, туку и поради недостигот за компромис од страна на Македонија.

Одново и одново Скопје ги иритира соседите со култот на Александар Велики (356-323 пне), за кого Грција смета дека е нејзин. Во обемна програма центарот на Скопје во моментов се претвора во парк на храмови и скулптури, којшто наликува на претставите на класична Атина од учебниците.

За застојот во преговорите за името Груевски ја обвинува опозицијата во неговата земја, којашто со попустливоста во овој конфликт и дава на Атина лажна надеж.

Еден опозициски политичар, кој сакаше да остане анонимен, целата ситуација ја сведува на еден заеднички содржател:

„Доколку Груевски би можел да бира меѓу брз почеток за почеток на преговорите со ЕУ и мнозинство во Советот на Општина Центар, тогаш сигурно ќе се одлучи за мнозинството во Општина Центар“, пишува германскиот портал Зидвест Пресе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.