Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зијадин Села преку билборди ги бојкотира Струшките вечери на поезијата

0
By Нова ТВ on August 22, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бидете смирени и почитувајте не, зборувајте aлбански“ пишува на англиски јазик на билбордите кои ги постави Општина Струга на двете страни од Мостот на поезијата, во очи отворањето на 53-то издание на СВП, кои започнаа синоќа.

Пораката е наменета за организаторите и гостите на Струшките вечери на поезијата, а потпишана е од градоначалникот на Струга Зијадин Села, кој во моментов e надвор од државата, како што јавува Телма.

Тој втора година по ред ќе ја бојкотира манифестацијата, бидејќи нема симултан превод од читањето поезија од светските поети и на Албански јазик.

Освен пораката, на билбордите изнесени се и статистички податоци за етничката структура на Струга според последниот потпис од 2002 година и се потенцира бројот на Aлбанци кои живеат во оваа општина.

Од манифестацијата не сакаа да го коментираат овој потег на струшкиот градоначалник.

Прес-конференцијата целосно беше посветена на лауреатот на СВП, јужнокорејскиот поет Ко Ун. Тој се осврна на поезијата како универзална вредност, која силно ја почувствувал во Македонија.

„Чув дека речиси сите Македонци се поети, затоа велам дека Македонија е земја на поезијата. Македонија се уште е жива иако поминала низ бројни страдања уште од античниот период, преку средновековниот период до модерната историја. Од тоа искуство на страдание се родила поезијата, процедурата на животот всушност е процедура на македонската поезија“, рече Ко Ун.

Поезијата на Ко Ун кој зад себе има 150 издадени книги, преведена е на македонски јазик, со што според организаторот на манифестацијата, изграден е мост кон уште една светска литература.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.