Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зиков: Сакаме аргументи, дебата меѓу сите не само ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА

0
By Нова ТВ on April 22, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Македонија е веројатно единствената земја во демократскиот свет, ако можеме воопшто да зборуваме за демократија во Македонија, каде полититичките партии кои извадоа листи на овие избори не сакаат дуели, дебати и не сакаат да комуницираат на темата предизборни програми и што им ветуваат на граѓаните, рече денеска пред новинарите Љупчо Зиков.

Претседателот на Алијансата за Позитивна Македонија апелираше за фер третман во текот на изборниот процес, и побара дебата организирана од Националниот демократски институт помеѓу сите 14 политички партии-учесници во изборите.

– Коалицијата за Позитивна Македонија е единствената партија која овие денови зборува за конкретни проекти кои им ги ветува на граѓаните и тоа во услови кога другите две политички партии ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ И ДПА, шират говор на омраза и прават деструкција на политичкиот простор и на политичкиот пазар во Македонија, рече тој.

Три дена пред молкот АПМ повикува на дебата за програмите и на отчет за тоа како ќе се реализираат ветувањата кон граѓаните.

– Ќе отвораме многу работни места, илјадници нови компании, на сите лидери устите им се полни за тоа како ќе ги отвораат работните места во една година, две години, четири години. И ние тоа го зборуваме во Коалицијата за Позитивна Македонија и заради тоа што имаме аргументи за тоа како ќе го правиме тоа, сакаме да ги слушнеме, да дебатираме а граѓаните да ги слушнат аргументите за тоа кој како тоа ќе го направи заради тоа што македонските граѓани и по 23 години демократија не заслужуваат да бидат перманентно лажени со лажни ветувања. посочи лидерот на партијата. .

Според него, конкуренцијата на политичкиот простор е голема и не може да се суспендираат листите на другите партии.

– Затоа му порачуваме на Институтот да не влегува во филмот на ВМРО ДПМНе и СДСМ, и ДУИ и ДПА организирајќи ја оваа дебата и оставајќи им само нив простор да кажат што имаат да кажат и да ги суспендира другите убави идеи.

Тој потенцираше дека КПМ покажала дека има големи идеи за Македонија и дека сакаат да дебатираат без фрустрација и комплекс „монополистите на политичкиот простор: ВМРО ДПМНЕ , СДСМ, ДУИ И ДПА“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.