Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зимер – Ангеловска-Бежоска: Успешното работење на Народната банка е клучно за македонската економија

0
By НОВА ТВ on September 3, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Успешното работење на Народната банка е клучно за македонската економија. Ова се докажа и низ годините, а особено од почнувањето на корона-кризата наваму, кога се потврди дека капацитетот којшто Народната банка го имаше изградено ѝ овозможи навремено и ефикасно дејствување во рамките на својот мандат, за да ја поддржи економијата во справувањето со ефектите од кризата. Ценовната и финансиската стабилност се предуслов за економскиот развој и обезбедуваат простор којшто треба да се искористи од другите носители на политики за остварување структурни реформи коишто ќе поддржат стабилен и долгорочен економски раст.

За ова беше информиран новиот шеф за економски и политички прашања при амбасадата на САД, Кристофер Зимер, на првата средба со гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, соопшти Народната банка. На средбата, меѓу другото, акцентот беше ставен на согледувањата на Народната банка за состојбите во економијата, особено во финансискиот сектор, како и за очекувањата за следниот период, согласно со проекциите. Притоа, уште еднаш беше потврдено дека ќе продолжи поддршката за македонската економија, за што од голема важност е соработката и комуникација со Народната банка, чии проекции се клучни за согледувањата на меѓународната јавност, вклучително и инвеститорите.

На средбата беше разговарано за најновите показатели за финансиската стабилност, особено за банкарскиот систем. Притоа, беше истакнато дека е од голема важност што во досегашниот тек на корона-кризата, нефункционалните кредити се на ниско ниво, при што супервизорскиот фокус е насочен кон следењето на кредитниот ризик. Истовремено, беше истакнато дека од голема важност е внимателното однесување на банките со натамошно градење капитален потенцијал, за што придонес имаше и Народната банка со своето дејствување како регулатор.

 Се разговараше и за макроекономските проекции и очекувањата за економијата за претстојниот период, имајќи предвид дека тие се важни и за согледувањата на американските компании за македонскиот пазар. Притоа, беше истакнато очекувањето за следната година за враќање на економскиот раст на преткризното ниво, што сепак е условено од натамошните случувања со пандемијата.

 На состанокот беше нагласена и големата важност на подготвеноста на економијата за дигиталната трансформација и за прифаќање на новите технологии. Во тој контекст, како особено важна беше издвоена подготвеноста за поддршка на развојот на финтек-секторот, за што Народната банка веќе подготвува и национална стратегија. За неа се очекува и меѓународен интерес, бидејќи ќе биде презентирана и пред финтек-компаниите коишто се заинтересирани за учество на македонскиот пазар, а особено по донесувањето нов Закон за платежни услуги и платни системи.

Беше посочено и дека успешното работење на Народната банка е високо оценето од меѓународните финансиски институции, поради што нејзините согледувања, оцени и одлуки ќе бидат клучни и за видувањата и оцените и на дипломатскиот кор.

Анита Ангеловска Бежовска Зимер Народна банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.